Вести
Сопственик на рудник во Кина изврши самоубиство по несреќа

Сопственик на кинески рудник кој се урнал при што загинал еден рудар а 17 останале заробени под земја, извршил самоубиство, пренесуваат државните медиуми.
За време на операцијата на спасување на рударите, Ма Конгбо, претседател на трговската компанија „Yurong“, во неделата утрото скокнал во рудникот и се удавил, објави државната новинска агенција Ксинхуа.Седумнаесет рудари се заробени два дена под земјата во рудникот за гипс во покраината Шадонг, во кој се случила несреќата. Структурната нестабилност на рудникот и одрони на карпите ги оневозможуваат напорите на 700-те члена од спасувачката екипа која со механизација се обидува да го расчисти патот до заробените рудари. Досега се излечени 11 рудари, од 29 колку што ги имало во моментот на уривањето на рудникот.Спасувачите се обидуваат да ги контактираат со рударите низ дупката којашто ја ископале, за да ги снабдуваат со вода и храна. Рудар, кому ногата му била заглавена меѓу карпите бил извлечен, така што бројката спасени рудари изнесува седум. Претходно четворица рудари самите успеале да се извлечат.Сопствениците на рудникот може да очекуваат тешки казни во Кина, каде што рударските несреќи се чести,но нивниот број е во опаѓање. Така во 2010 година кинески суд осуди сопственик на рудник на смртна казна поради незаконско чување на експлозиви, при што загинаа 17 луѓе покрај рудник за јаглен во покраина Шанзи.Во првите девет месеци од 2015 година, во Кина 420 луѓе загинаа во рудниците, што е за 39 отсто помалку отколку претходната година, соопшти потпретседателот на државната управа за безбедност при работата, Јанг Јуанјуан.Активистите од ткн цивилен сектор, меѓутоа, истакнуваат дека несреќите во рудници често не се пријавуваат, поради недостигот од слобода на медиумите, независните синдикати и цивилните здруженија за следење на состојбите./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.