Вести
Советот за безбедност на ОН донесе мерки против Исламската држава

Советот за безбедност при Обединетите нации во петокот навечер едногласно ја донесе резолуцијата со којашто ќе се настојува да се спречи регрутирање и финансирање на џихадистите од Исламската држава во Сирија и во Ирак, и воведе санкции за нови шест лица кои се сметаат за главните фигури за споменатата групација којашто истапи од редовите на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.
Резолуцијата на Советот за безбедност при ОН, чиј текст го предложи Велика Британија, се смета за најконкретната и најважна мерка којашто Советот ја донесе досега откако на почетокот од јуни Исламската држава (поранешната Исламска држава во Ирак и Шам (Левантот – Медитеранот – ISIL) ја поведе големата офанзива во која освои значителни територии во Ирак и во соседна Сирија на кои прогласи калифат, а последните седмици опасно ја загрозија и територијата на полуавтономната покраина Курдистан во северен Ирак. Исламската држава е обвинета дека нејзините припадници вршат свирепи маскари и егзекуции над религиозните и етничките малцинства кои ги тераат да се преобратат во исламот. Санкциите се состојат во ембарго на оружје, замрзнување имоти и забрани за патувања. Покрај тоа, шесте нови лица ставени на списокот на меѓународните санкции, се челниците на Исламската држава и на другата ривалска радикална групација Фронтот ан-Нусра, од Саудиска Арабија и од Кувајт.Станува збор за Абделрахман Мухамад Зафир ад-Дабид ал-Џахан, Хаџаџ бен Фахд ал-Аџим, Абу Мохамед ад-Аднан, Саид Ариф, Абдула Мохсен Абдал Ибрахим ап-Шарех и Хамад Хамид ал-Али. Во резолуцијата се наведува и дека списокот на лицата кои се предмет на санкциите може да биде проширен.Резолуцијата ги обврзува сите земји да спречат секакво финансирање на терористите, врбување во нивните редови и доставување оружје. Исто така, со неа се предупредува дека каква и да е економска активност во регионите коишто ги контролираат џихадистите во Ирак и Сирија може да доведе до санкции од меѓународната заедница. Советот на безбедност на ОН, како што се истакнува во резолуцијата, „бара Исламската држава, Фронтот ан-Нусра, и сите други лица, групи, компании и субјекти поврзани со Ал Каеда, да ги прекинат сите акти на насилство и тероризам, веднаш да се разоружат и да бидат расформирани“. Дипломатски извори за медиумите изјавија дека „иако резолуцијата е донесена според главата 7 (од статутот на ОН), таа не може да се смета како одобрување за употреба на сила“./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.