Контакт

Вести

Спасениот руски пилот тврди дека немало никакво предупредување од турска страна

Објавено пред

Пилотот на рускиот бомбардер „Су-24“ кој во вторникот беше соборен од турски „F-16“ во близина на сириско-турската граница, а беше извлечен ноќта кон средата во операција на руските и сириските специјалци, тврди дека од турска страна немало никакво предупредување оти наводно го нарушиле воздушниот простор на земјата и оти ќе бидат нападнати.

dobivaj vesti na viber

„Немаше никакво предупредување. Ниту преку радиоврските, ниту визуелно. Воопшто немаше контакт. Оттаму ние минавме во борбен курс во нормален режим. Треба да се знае каква е брзината на бомбардер, а каква на ловец ‘F-16’. Доколку сакале да нé предупредат, ќе можеа да се покажат летајќи во паралелен курс (со рускиот ‘Су-24’ –з.р.). Но такво нешто немаше. Ракетата дојде во опашката на авионот неочекувано. Дури ни визуелно не ја забележавме, за да успееме да направиме маневра за избегнување проектил“, изјави рускиот полот за новинарите во сирискиот град Латакија.

Навигаторот на бомбардерот „Су-24“ ја исклучи можноста дека рускиот авион навлегол во воздушниот простор на Турција, беше пренесено на програмата на руската државна телевизија Россия 1.

„Тоа (нарушувањето на турскиот воздушен простор) е исклучено, дури ни за секунда, особено поради тоа што летавме на височина од 6.000 метри, времето беше јасно, или како што велиме во сленг ‘милион на милион’. Имав целосна контрола на целиот наш лет до моментот на експлозијата на ракетата. Прекрасно гледав, и според карата и според месноста, каде е границата и каде се наоѓаме ние“, тврди рускиот пилот.

Претходно агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименуван извор од администрацијата на американскиот претседател пренесе дека во САД сметаат дека рускиот авион навистина бил соборен во сирискиот воздушен простор „врз база на регистрираните термички траги на авионот“. Друг американски извор, пак, претходно изјави дека „упадот“ на рускиот воен авион во турскиот воздушен простор „траел многу кусо“.

Велејќи дека „со нетрпение чека да се врати во својата единици“ во базата Хмејмим, спасениот руски пилот истакна дека екипажот на соборениот „Су-24“ повеќепати извршувал борбени мисии во областа каде што се случи инцидентот, и го познавале „како своите пет прсти“. „Како навигатор го познавам секоја височинка таму. Можам да се ориентирам таму дури и без инструменти“, рече.

Во вторникот вечерта беше соопштено дека еден од пилотите на соборениот руски авион е убиен со оган од земја а по другиот се трага.

Сириските бунтовници од туркменските бригади, кои се сириски државјани а имаат турско етничко чувство и се поддржувани од Турција, тврдеа дека ги убиле двајцата руски пилоти. На интернет беше поставено видео на бунтовнички борци околу мртвото тело на рускиот пилот, кои извикуваат во слава на Алах и според преводот жалат што не го запалиле неговото тело. Неименуван турски владин извор за медиумите изјави во вторникот вечерта дека двајцата пилоти можеби се живи и дека Анкара работи на нивно ослободување.

Москва тврди дека рускиот авион бил гаѓан над територијата на Сирија, на најмалку еден километар од воздушниот простор на Турција. Местото на падот на „Су24“ е четири километри во сириска територија.

Во спасувачката мисија сириските сунитски бунтовници кои ги подржува Западот и Турција со ракета уништија руски хеликоптер кој бил во спасувачка мисија во покраината Латакија, откако хеликоптерот бил погоден, а притоа загинал еден руски маринец поради што Русија ги групира силите во споменатата област и предупредува дека ќе уништи сé што ќе го смета за потенцијална закана.

Бунтовничката група која е вооружена со американски ракети „Tow“ тврди дека нејзините припадници во лет погодиле руски хеликоптер со противтенковска граната. На видео снимка објавена подоцна, чија автентичност не е потврдена, се гледа како друг бунтовник го разнесува хеликоптерот со уште една ракета.

Хеликоптерот од типот „Ми-8“, кој бил ангажиран во спасувачка мисија во Сирија бил погоден при што еден припадник на поморската пешадија е убиен, изјави во вторникот началникот на операциите на рускиот Генералштаб, генерал-полковникот Сергеј Рудскиј. Тој потврдил дека леталото подоцна е уништено.

Во спасувачката операција на местото на приземјување на руските пилоти од претходно соборениот „Су-24“ учествувале два хеликоптера „Ми-8“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија8 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија9 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија10 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија12 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија14 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ14 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ16 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион19 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа19 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа19 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет20 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет20 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет20 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет20 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија1 ден

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија1 ден

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија2 дена

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...