Контакт

Вести

Стејт департментот призна дека Клинтон во 22 мејла испратила државни тајни

Објавено пред

Американското министерство за надворешни работи првпат во петокот призна дека најмалку 22 електронски пораки испратени од приватната електронска адреса на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, досега водечка во трката за номинација на Демократската партија за претседателските избори во САД во ноември годинава, ги содржеле некои од најчувствителните државни податоци, како што претходно веќе тврдеа американските безбедносни служби.

dobivaj vesti na viber

Во новиот пакет од електронската кореспонденција на Хилар Клинтон, објавен врз основа на наредба на сојузниот американски суд, изоставени се 22 електронски пораки поради тоа што податоците во нив се категоризирани како оние со највисоко ниво на тајност, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Околу повредата на тајноста во некои од приватните електронски пораки на Клинтон во периодот додека беше државна секретарка, американските разузнавачки служби и американското министерство за надворешни работи спорат веќе пет месеци.

„Тие документи во времето на испраќањето не биле означени како доверливи“, тврди Кирби. Додаде дека Стејт департментот сега истражува дали информациите кои се содржани во тие пораки во моментот на испраќањето биле доверливи или подоцна се прогласени за државна тајна.

Електронските пораки биле испраќани преку приватната електронска адреса на поранешната државна секретарка Clintonemail.com преку серверот во нејзиниот дом во Њујорк. Американското Федерално биро за истраги (FBI) го заплени серверот и компјутерот на Хилари Клинтон.

Стејт департментот тврди дека Клинтон до тие податоци можела да дојде преку други незаштитени канали.

Информацијата во 22-те е објавена три дена пред изборите во сојузната држава Ајова, со коишто започнува процесот на партиските избори за кандидатот за следен американски претседател. Според последните истражувања на јавното мнение, Клинтон во оваа трка ја загуби предноста во однос на со сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Хилари Клинтон со месеци е соочена со преиспитувањето и критиките за нејзиното постапување со државните тајни на САД во периодот додека беше на чело на американската дипломатија, од 2009 до 2013 година.

Некои од нејзините евентуални републикански кандидати во претседателската трка повикуваа на нејзино кривично гонење поради доведување во опасност на националната безбедност и дипломатските напори. Имено, американските закони забрануваат пренесување на доверливи податоци преку канали коишто не ги одобриле американските безбедносни служби.

Во полемиката којашто ја загрозува кандидатурата на поранешната прва дама на САД Хилари Родам Клинтон на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година, Стејт департментот на својата интернет страница ланскиот септември објави бројни електронски пораки (4.368 мејлови, или околу 7.000 страници) кои ги испраќала, примала или ги проследувала од приватната електронска адреса и приватниот сервер додека ја водеше американската дипломатија во периодот од 2009 до 2013 година.

Стејт депарментот по налог на американското правосудство од пролетта 2015 година, ги проверува, сортира и објавува во фази, секој месец, стотици и илјадници од повеќето од 30.000 службени електронски пораки на поранешната шефица на американската дипломатија.

Министерството призна дека шеесетина пораки морале дополнително да бидат вброени меѓу „доверливите“, што е најниското ниво според строгите стандарди и прописи кои важат за внатрешната и надворешната комуникација и размена на информации на американската администрација. Од околу 7.000 страници објавени пред половина година има речиси 250 страници, или стотина дополнителни пораки, кои се дополнително „подигнати на повисоко ниво на доверливост“.

За оваа дополнителна проверка на електронската пошта на Хиалри Клинтон задолжен е главниот разузнавачки инспектор. Стејт департментот претходно извести дека засега се обработени поголемиот дел од официјалната преписка на поранешната државна секретарка која ќе биде објавена. Американското правосудство одреди дека целата преписка да мора да биде објавена до јануари 2016 година, нецела година пред одржувањето на американските претседателски избори.

Клинтон во нејзиниот мандат на државна секретарка, примила и проследила 62.320 електронски пораки од својата приватна електронска адреса (clintonemail.com), а не од владината (state.gov), како што наложуваат прописите, и како што тоа го правеле нејзините советници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија2 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија3 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија3 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија3 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија4 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија8 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ9 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет9 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет9 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет9 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет9 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија20 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ24 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија1 ден

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура1 ден

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија1 ден

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 ден

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија1 ден

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...