Контакт

Вести

Столтенберг: Турската армија е многу моќна, не бара ангажман на НАТО

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во понеделникот, пред одржувањето на состанокот на Алијансата свикан по барање на Турција, изјави дека турската армија е доволно моќна, како и дека немало барање за некоја позначајна воена поддршка од НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Турција има многу моќни армии и безбедносни сили. Оттаму, немаше барања за некоја позначајна поддршка од НАТО“, изјави генералниот секретар на западниот воен блок, Јенс Столтенберг, пренесува AFP.

На барање на Турција, во вторник во Брисел ќе се одржи состанок на амбасадорите на 28-те земји членки на НАТО на кој ќе се одржат консултации во врска со конфронтацијата на Анкара и сунитските џихадисти од Исламската држава, од една страна, и со курдските борци, од друга страна.

Столтенберг потсети и дека НАТО уште во 2013 година на југот од Турција распореди проектили „Patriot“ и така придонел за противвоздушната одбрана на земјата. Тие ракетни системи, инаку, беа инсталирани во врска со тврдењата на Анкара дека силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад чиешто заминување од власт го бараат Турција и Западот и нивните сунитски арапски сојузници во регионот.

Изразувајќи задоволство што Анкара решително се ангажирала во борбата против Исламската држава, челникот на НАТО истакна дека кога станува збор за бомбардирањата на позициите на Работничката партија на Курдистан (PKK) „самоодбраната мора да биде сразмерна“. Додаде дека веќе со години се прави напредок кон мирољубиво решени на судирот меѓу Турција и Курдите, како и дека е „важно тој напор да не оди низ ветер“.

Курдските борци во Сирија и во Ирак, инаку, се најефикасните во справувањата со Исламската држава и веќе ги потиснаа во некои области. Меѓутоа, од викендов позициите на сириските Курди Единиците за заштита на курдскиот народ (YPG) и базите во северен Ирак на забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK) се под жестоки артилериски и воздушни бомбардирања.

Белата куќа, исто така, во понеделникот објави дека Турција има право да се брани од бунтовниците од PKK, која и Вашингтон ја смета за терористичка организација, оценувајќи дека Анкара има право да изведува акции врз терористички цели. САД и покрај прогласувањето на PKK на својата „црна листа“, одржува добри односи и ги вежба борците на регионалната курдска влада на северот од Ирак.

Се стравува дека по турските напади врз курдските милиции, дефинитивно ќе биде урнат процесот на преговарање за постигнување траен мир меѓу Анкара и PKK.

Во октомври 2012 година турските власти започнаа мировни преговори со лидерот на РКК, Абдула Оџалан, кој е заточен на доживотна робија откако беше уапсен и грабнат од припадниците на турските тајни служби во Кенија во февруари 1999 година. Во јуни истата година, тој беше осуден на смрт за тероризам и предавство и затворен на островот во Мраморно Море. Казната подоцна под притисок на меѓународната заедница беше заменета со доживотен затвор без право на помилување на островот Имрали во Мраморното Море јужно од Истанбул, откако под притисок на меѓународната јавност му беше заменета смртната казна. Со овие преговори требаше да се дојде до решавање на триесет ипетгодишниот турско-курдски судир за автономија на Курдите во кој загинаа над 40 илјади луѓе.

Според планот двете страни преземаа обврски, со кои требаше да се стави крај на долготрајниот конфликт. Дел од обврските беа исполнети, и во согласност со планот, PKK официјално прогласи прекин на огнот од 21-ви март 2012 година, кога се прославува курдската Нова година. Повлекувањето на курдските милитанти од турската територија кон планината Кандил во северен Ирак требаше да заврши на 15-ти август 2013 година. Наведениот датум зависеше од тоа дали Турција ќе ги усвои реформите со коишто ќе гарантира поголеми права за курдското малцинство, коешто според процените го има околу 15 милиони, што претставува 20 отсто од вкупното населени на Турција коешто брои 76 милиони луѓе. Курдските борци ја прекинаа таа операција во 2014 година, оценувајќи дека владата во Анкара не ги одржала ветувањата за реформите во полза на курдското малцинство.

Процесот на решавањето на курдското прашање беше загрозен и со протестите на курдското население откако џихадистите од Исламската држава преземаа повеќемесечна офанзива за заземање на Кобани, третиот по големина курдски град во соседна Сирија, а турските власти не дозволуваа пребеганите курдски борци или доброволци да се вратат и да го бранат градот. Во тој период зачестија и нападите врз турските војници. Во март годинава Оџалан ги повика своите поддржувачи да одржат конгрес на кој ќе се расправа за мирно решавање на курдското прашање./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија5 часа

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија7 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија8 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија8 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија9 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија10 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет10 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ11 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет12 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет13 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет13 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет13 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа14 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет14 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет15 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...