Вести
Столтенберг тврди дека Русија и натаму ги опремува бунтовниците во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави во средата дека Русија, и натаму ги опремува и вооружува рускојазичните бунтовници на истокот од Украина и ги повика завојуваните страни да им помогнат на странските набљудувачи во одржувањето на примирјето.
Запрашан на прес-конференцијата во белгиски Монс за коментар за тврдењата на еден американски дипломат дека руските тенкови изминатите денови влегле во Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одби директно да го коментира прашањето, но предупреди на наводната руска помош за бунтовниците.
„Сé уште гледаме руско присуство и силна поддршка за сепаратистите во источна Украина. Гледаме испорака на опрема, единци, увежбување. Русија, според тоа, сé уште е во источна Украина. Оттаму ја повикуваме Русија да ги повлече своите сили од источна Украина и да го почитува договорот од Минск“, рече Столтенберг.
Москва повеќепати решително ги отфрлаше ваквите обвинувања и бараше тие тврдења да бидат поткрепени со докази.
Високата функционерка на Стејт департментот Викторија Нуланд изјави на сослушувањето во Конгресот во вторникот дека руските тенкови и артилерија во изминатите денови ја минале границата во источна Украина и со тоа го прекршиле договорот потпишан во белоруската престолнина Минск на 12-ти февруари од страна на челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.
Столтенберг и командантот на НАТО за Европа, американскиот генерал Филип Бридлав, изјавија за медиумите во воениот штаб на НАТО во Белгија дека приорите за Украина е во моментов набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да добијат сигурен и слободен пристап и целосни информации кои им се потребни за одржување на примирјето.
Претходно во понеделникот навечер, украинскиот претседател Петро Порошенко во телевизиско интервју изјави дека украинската армија во најголем дела го повлекла тешкото вооружување од линијата на раздвојувањето, како и дека е забележливо дека тоа го сторила, исто така, во најголем дел и спротивната страна./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.