Контакт

Вести

„Строго доверливо“: ИД испратила 60 терористи во Европа

Објавено пред

Исламската држава испратила 60 џихадисти, на кои им платила по 50 илјади долари, за да извршат терористички напади во Европа, утврдиле разузнавачките служби на европските држави.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, во кои увид имале и некои западни медиуми, терористичката мрежа која ги извршила нападите во Париз и Брисел сѐ уште не е разбиена, за што сведочат и најновите апсења во Холандија.

Исламската држава (ИД) одбрала 1.500 од своите фанатизирани припадници за идните напади во светот, а како главна цел е означена Европа.

Италијанскиот весник Стампа, повикувајќи се на разузнавачки информации, пренесува дека терористичките мрежи, финансиите, експлозивот и оружјето го организира Одделението за надворешна безбедност на ИД, кое се наоѓа во главниот табор во Рака, Сирија.

Се работи за Амн ал-Карџи и е најважниот од четирите оддели на безбедносната структура на ИД Амнијарат. Овој оддел располага со најподготвените терористи и значителни парични средства, а неговите старешини и припадници во најголем дел се џихадисти странци кои доаѓаат од арапските земји и Европа.

Амн ал-Карџи е вистинска „држава во држава“ во ИД, им откриле на европските разузнувачи  џихадисти кои се покајале или не можеле повеќе да војуваат во Сирија и Ирак, поради што побегнале од ИД. Според нивните сведочења, од одделот наречен Амн ал-Карџи се плашеле сите „обични припадници на ИД“.

Овој клучен сектор на ИД, според дезертерите и бегалците, есента минатата година, испратил 60 терористи на чело со водачот Абделхамид Абауд со задача да извршат терористички напади во Франција, Белгија и Велика Британија. Инаку, Абделхамид беше убиен во терористичкиот напад во Париз, кој се случи на почетокот на ноември минатата година.

Според европските разузнувачи, најмалку 20 џихадисти од оваа група сѐ уште не се лоцирани. Тие биле организирани во засебни ќелии, така што мисијата можат да ја продолжат и во случај некоја ќелија да биде откриена или уништена.

Бомбашите самоубијци, чија цел е да се самоубијат и во смрт да однесат што повеќе луѓе, се под постојан надзор на „координатори“, кои им издаваат наредби и упатства за атентатите.

До ноември 2015 година, на чело на Амн ал-Карџи, бил Тунижанецот Абу Рахман ал-Туниси, но тој загинал веднаш по нападите во Париз, кога американските сили го бомбардилрале седиштето на ИД во Рака.

Според извори на американското министерство за одбрана, тој бил клучниот организатор на терористичките напади во западна Европа.

Подредени на Абу Рахман ал-Туниси му биле Абделхамид Абауд, потоа уапсениот атентатор од Париз, Салах Абдеслам, како и Тунижаните Шараф ал-Муадан и Абдул Кадер Хаким, кои исто така биле убиени во американски воздушни напади во Рака.

Главен за надворешното делување на Амн ал-Карџи бил  Сириецот Абу Каледа, кој бил задолжен за споведување на обуката на џихадистите од Европа и другите странски држави. Тој кон крајот на минатата година дезертирал, а на американскиот новинар Мајкл Вајс, му раскажал дека „обичните џихадисти“ не ги сакаат странците кои се обучуваат за тероростички акции.

„Обичните џихадисти“ ги сметале странците за „неправедни муслимани“, бидејќи многумина имале криминално минато.

Во Франција, џихадистот покајник, Никола Моро, на разузнавачите им раскажал дека секој џихадист кој ќе биде испратен во Европа добива по 50 илјади долари.

Тој на разузнавачките служби им дал имформации за севкупното делување на ИД, а во октомври минатата година, припадниците на тајните служби добиле информации дека 60 терористи биле испратени во Европа. Според Моро, тие терористи со фалсификувани документи, до Западна Европа стигнале преку Балканот измешани со бранот бегалци.

Разузнавач на либанската шиитска организација Хезболах Ау Залах, појаснил дека џихадистите кои се упатуваат во Европа се „странски борци кои се враќаат таму измешани со бегалците“ и дека се работи за ќелии составени од петмина терористи, но ниту една ќелија не знае за другата. Ќелиите стапуваат во акција веднаш откако ќе добијат наредба.

Разузнувачот на Хезболах смета дека од групата од 60 терорристи кои дошле во Европа и која изврши напади во Париз и Брисел, активни се уште половина кои чекаат наредби од ИД.

Шпанскиот весник Мундо објави дека целата операција за „сеење на терор и страв низ Европа“ била договорена на 4.ноември 2015 година, девет дена пред нападите во Париз, кога лидерите на ИД се сретнале во градот Табки во Сирија.

Британски Гардијан, исто така, пренесува дека лидерите на ИД, на тој состанок не ги разгледувале само плановите за атентати, туку и кои „држави како општества најлесно можат да се разрушат“. Токму поради тоа била и одбрана Белгија, чиј главен град Брисел е седиште на Европската унија и НАТО. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ3 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија4 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет5 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет6 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет6 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион6 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет7 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија17 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија18 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија19 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија21 час

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија24 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...