Контакт

Вести

Судирот во Јемен се шири, 45 цивили убиени во воздушен напад

Објавено пред

Најмалку 45 цивили се убиени во воздушен напад врз населба на беглаци во понеделникот во Јемен, на петтиот ден од воената кампања која ја спроведуваат десет сунитски арапски земји предводени од Саудиска Арабија против побунетото шиитско племе Хути.

dobivaj vesti na viber

Населбата Ал Мазрак, во која се сместени Јеменци кои се прогонети поради судирите во северозападниот дел од земјата каде е активна и јеменската група на Ал Каеда, била ракетирана во воздушниот напад на силите на арапската коалиција и притоа се убиени 45 а ранети се 65 луѓе, се наведува во привремениот извештај на Меѓународната организација за миграции (IOM), чии претставници работат во населбата. Станува збор за најголем број цивилни жртви од четвртокот откако во Јемен започна интервенцијата на арапските земји од Персискиот залив што ја води Саудиска Арабија.

Според искази на очевидци за AFP, возилата на итната медицинска помош тешко доаѓаат во Ал Мазрак, поради тоа што коалицијата го бомбардирала патот кој води кон ова погранично место. Тоа е сместено на помалку од десет километри од воена база, рекле извори од локалните власти.

Во оваа населба од 2009 година престојуваат бегалци кои ги напуштиле своите домови поради судирите на Хутите и силите на централната влада во Сана. Во последните два дена во Ал Мазрак пристигнале нови петстотини семејства, изјави Пабло Марко, шеф на програмата на организацијата Лекари без граници (MSF) за Блискиот исток.

Агенциите јавуваат дека во понеделникот арапската коалиција продолжила со „максималниот притисок“ врз силите кои се спротиставуваат на владеењето на претседателот Абд Рабо Мансур Хади, кој ја напушти во февруари престолнината Сана, откако ја зазедоа милициите „Ансар Алах“ на Хутите, а минатиот четврток и пристанишниот град Аден, каде што исто така продреа шиитските бунтовници.

Хади изминатиот викенд ја доби поддршката до челниците на Арапската лига кои го одржаа самиот во египетското летувалиште Шарм ел-Шејк. Тие предупредија дека воената интервенција ќе продолжи „сé додека бунтовниците не го положат оружјето“. „Крајната цел на операцијата е повторно да се воспостави легитимната влада и да се покрене политичкиот процес. Ќе успееме во тоа“, изјавил за AFP неименуван дипломат од земја во Персискиот залив, сакајќи да ја истакне решителноста на коалицијата.

Во понеделникот навечер, северниот дел од главниот град Сана бил потресуван од експлозии од нови воздушни напади, јавува дописникот на AFP. Претходно офицер од силите лојални на Хади изјавил дека коалицијата од воздух и од море гаѓала колони војници коишто му се лојални на поранешниот претседател Али Абделах Салех, кои им се придружиле на Хутите, северно од Аден.

Истовремено со воената офанзива, силите коишто се противат на претседателот Хади, кој пребега во Саудиска Арабаија, се изложени и на дипломатски притисок. Така, Хади „на барање“ на Абу Даби го отповика од должноста амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Ахмед Али Салех, син на соборениот претседател, соопштија дипломати од Персискиот залив.

Се смета дека Али Абдалах Салех, кој беше претседател од 1978 до 2012 година, го овозможил подемот на шиитското племе Хути, инаку против кое неговата влада шестпати војуваше, поради справувањето со радикалните сили блиски на Ал Каеда. Кога пред три години беше принуден да се повлече од власта во текот на протестите како дел од ткн Арапска пролет, Салех им се приклучи на Хутите кои се побунија дека власта на претседателот Хади не прави ништо за да го сочува единството на земјата и им овозможува на радикалните сунитски групи да ги контролираат северните области од земјата, а самите тие од септември 2014 година заземаа големи делови во централните, западните и јужните области од Јемен.

Ширењето на влијанието на племето Хуту во добро вооружените племенски области во Јемен, ги поттикнаа локалните сунитски племенски милиции да се здружат за постигнување на заедничката цел со милитантите од Ал Каеда на Арапскиот полуострови, една од најопасните групации на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Изминатите месеци исполнети со борби и бомбашки напади на AQAP насочени против Хутите во Сана, предизвикуваат стравување од разгорување општа секташка војна и во Јемен, како што тоа се случува во Сирија последните три години и во Ирак./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа2 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет3 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет3 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија3 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија5 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија7 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија8 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија8 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија8 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија9 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија12 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ13 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет13 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет14 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет14 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет14 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ1 ден

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија1 ден

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...