Вести
Сузан Рајс: САД и Кина треба да избегнуваат воени инциденти

Кина и САД треба да избегнуват и најмали инциденти кои би ги закомпликувале односите помеѓу нивните армии, истакнала во вторникот советничката за национална безбедност, Сузан Рајс, по неодамнешната „блиска средба“ на воените авиони на двете земји, пренесуваат агенциите.
Кина и САД треба да избегнуват и најмали инциденти кои би ги закомпликувале односите помеѓу нивните армии, истакнала во вторникот советничката за национална безбедност, Сузан Рајс, по неодамнешната „блиска средба“ на воените авиони на двете земји, пренесуваат агенциите.
Рајс оваа изјава ја дала на состанокот со потпретседателот на кинеската Централна воена комисија, Фанг Чанглонг, за време на нејзината посета на Пекинг каде ја подготвува најавената ноемвриска посета на претседателот на САД, Барак Обама во Пекинг.
„Воените односи на САД и Кина се зајакнати и тоа е област на соработка која САД ја ценат“, истакнала Рајс и додала дека земјата се соочува со предизвици во кои неопходно е да се избегнуваат било какви инциденти кои би можеле да ги искомпликуваат досегашните односи.
Вашингтон тврди дека на 19-ти август на околу 220 километри јужно од кинескиот остров Хаинан, пилот на кинеското воено воздухопловство прелетал „безобзирно “ близу до американскиот извиднички авион.
На Хаинан се стационирани кинески воздухопловни сили, а тука е сместена и стратешка воена подморничка база.
Кина по однос на овој инцидент демантирала дека дошло до било каква „безобзирна постапка“ од страна на нејзиниот пилот и додала дека ќе продолжи да одговара на извидничките летови на американските авиони во близина на нејзиниот брег.
Наспроти овие напнатости, паралелно САД и Кина ги зајакнаа своите врски. Кинеската морнарица оваа година за прв пат учествуваше во меѓународните поморски маневри во близина на Хаваите кои биле во организација на САД.
Сузан Рајс во вторник ќе оствари средба со кинеските министри за одбрана и надворешни работи./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.