Вести
Сведоци јавуваат дека џихадистите во Мосул запалиле 19 курдски девојки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/1310712230.jpg)
Припадниците на екстремната сунитска групација Исламска држава јавно егзекутирале во ирачкиот град Мосул 19 девојки од курдско потекло, соопшти во неделата медиумскиот центар на Патриотскиот сојуз на Курдистан повикувајќи се на локалниот активист Абдула ал-Мала.
Според очевидецот, грозоморниот чин се случил на 2-ри јуни, кога џихадистите од Исламската држава на централниот плоштад во вториот по големина ирачки град Мосул поставиле железни кафези со 19 курдски девојки и ги запалиле пред стотиците присутни луѓе.
„Тие се казнети поради тоа што одбиваа да станат робинки на борците на калифатот Никој не можеше да стори ништо за да ги спаси од суровата казна“, изјавил Абдула ал-Мала.
Милитнатите од Исламската држава заробените курдски жени, особено оние од етничко-конфесионалната заедница Јазиди кои ги сметаат за неверници, ги тераат да минат во исламот и да станат сексуални робинки на борците. Многубројни се извештаите на локалните и меѓународните организации за човекови права, во кои се наведува оваа сурова практика на џихадистите кои ригидно го толкуваат исламот.
Во август 2014 година Исламската држава зазеде делови од ирачката автономна покраина Ирачки Курдистан. Тогаш тие заробија околу три илјади девојки и жени, кои ги претвораат во свои робинки. Според податоците на регионалната влада на Ирачки Курдистан околу 1.800 курдски жени уште се во заложништво на џихадистите.
Ирачки Курдистан е автономна област во северен Ирак чиј статус е одреден во уставот на земјата. Мосул е вториот по големина град во Ирак, кој од јули 2014 година е под контрола на Исламската држава, каде што според извештаите редовно се извршуваат масовни сурови егзекуции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.