Контакт

Вести

Светските челници ќе се простат од Шимон Перес, великанот на израелската и светска политика

Објавено пред

Под извонредно силни мерки за безбедност десетици светски државници во петокот во Ерусалим ќе се простат од великанот на израелската и светската политика, добитникот на Нобеловата награда за мир Шимон Перес, кој почина во средата на 93 години.

dobivaj vesti na viber

Се очекуваат пет илјади присутни кои на ридот Херцл ќе присуствуваат на последното испраќање на поранешниот израелски претседател и премиер кој ќе биде погребан со најголемите државни почести на делот од националните гробишта кои се викаат „Великаните на нацијата“.

Листата државници е многу долга бидејќи Шимон Перес поради своите мировни напори за помирување меѓу Евреите и Палестинците беше многу ценет во странство, се очекуваат претставници на 70-ина земји, Покрај американскиот претседател Барак Обама, чиј авион слета на аеродромот во Тел Авив во петокот утрото, во Ерусалим пристигна и поранешниот американски претседател Бил Клинтон кој се залагаше за постигнувањето .на мировниот договор од Осло во 1993 година, за што следната година Перес Нобеловата награда за мир ја подели со палестинскиот водач Јасер Арафат и поранешниот израелски премиер Јицак Рабин.

Клинтон уште во четвртокот пристигна во Ерусалим и пред израелскиот парламент Кнесетот, каде што беа изложени останките на Перес, му оддаде почест на „горливиот заговорник на мирот и помирувањето“. Покрај ковчегот со телото на Перес пред израелскиот парламент минале околу 30.000 луѓе.

На комеморацијата и испраќањето ќе присуствуваат меѓу другите, и францускиот и германскиот претседател Франсоа Оланд односно Јоаим Глаук, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и бројни шефови на држави и влади, и министри за надворешни работи.

Според зборовите на неговиот личен лекар и воедно зет, Перес самиот си го испланирал погреб. Сакал прошталните говори да ги одржат трите негови деца, израелските челници, како и еден странски државник и една личност од израелскиот културниот живот. Таа, меѓу 8,30 и 12,30 часот меѓу молитвите и еврејските погребни обреди, треба да зборуваат актуелниот и поранешниот американски претседател, како и светски познатиот изралески писател Амос Оз.

Во ретка посета на Ерусалим и Махмуд Абас

Во четвртокот беше потврдено и доаѓањето на палестинскиот претседател Махмуд Абас, што ќе биде една од неговите ретки посети на Ерусалим, кој Израел го прогласи за своја „единствена и неделива“ престолнина, а Палестинците го посакуваат за главен град на идната нивна држава.

Чувствата на Палестинците кон Шимон Перес се поделени. Иако тој се залагаше за воспоставување на две држави кои ќе живеат во мир, голем дел од Палестинците го осудуваат како „воен злосторник“ и не можат да му заборават дека бил меѓу основачите на првите еврејски колонии на Западниот брег, како и дека беше премиер во периодот кога израелската авијација го бомбардираше либанското село Кана во април 1996 година кога беа убиени 106 цивили. Абас, меѓутоа, за него изјави дека бил храбар партнер во мировниот процеси и изрази сочувство до семејството на Перес.

Од арапските престолнина, пак, главно немаше реакции. Никаква официјална изјава не дојде ниту од Египет, нито од Јордан, двете земји со коишто Израел има потпишани мировни договори, но чувствата на тамошните јавности се главно непријателски кон Израел.

Меѓу ретките коишто упатија позитивни зборови за Перес, беше министерот за надворешни работи на Бахреин, а о Иран до Мароко медиумските наслови покажуваат за негативната слика која во арапскиот свет ја оставил Шимон Перес.

Безбедносна операција невидена од погребот на Јиџак Рабин

На обезбедувањето на дводневното испраќање во Ерусалим, но и на пошироката област, се ангажирани околу осум илјади полицајци. Ридот Херцел, каде што е гробот на челникот на еврејската држава и лидер на ционистичкото движење австроунгарскиот Евреин Теодор Херцл (1860- 1904), во чија чест е наречен овој меморијален комплекс, во времето на погребната церемонија ќе иде речиси отсечено, а се затвора и автопатот меѓу Тел Авив и Ерусалим, за делегациите да имаат непречено поминување.

Израел најави шеесет авиони кои слетаа веќе во Тел Авив од каде делегациите со автомобили по автопатот пристигнуваат во Ерусалим. И дел од градот со хотелите во кои отседнаа светските челници е под целосна полициска блокада. Таква безбедносна операција во Израел не е забележана од погребот на тогаш убиениот премиер Јицак Рабин во 1995 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија7 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија9 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија10 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија10 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија10 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија11 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион12 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет13 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија13 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа14 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет14 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет14 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет15 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет15 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа15 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...