Контакт

Вести

СЗО: Од ебола умреле 1.350 луѓе, експерименталниот лек им е потребен на 30.000

Објавено пред

Епидемијата на еболата досега однесе 1.350 животи соопшти во средата навечер Светската здравствена организација (СЗО – WHO), известувајќи за уште 106 смртни случи во два дена (17-ти и 18-ти август), а британски научник проценува дека досега околу 30 илјади луѓе можеле да го употребат експерименталниот лек или вакцината за хеморагиската треска ебола.

dobivaj vesti na viber

Во двата споменати дена регистрирани се 211 нов случај на болеста, потврден, сомнителен и можен, и 106 починати во четирите земји од западна Африка зафатени од епидемијата,соопшти здравствената агенција на Обединетите нации. СЗО од почетокот досега регистрирал 2.473 случаи, од кои 1.350 смртни.Либерија, каде што во средата е пријавено дека епидемијата на еболата незапирливо се шири и поради тоа е воведена вонредна состојба, на 17-ти и 18-ти август регистрирала најголем број нови жертви – 95 и најголем број од 126 новозаболени. Во Либерија има вкупно 872 случаи, од кои досеа 576 завршиле со смртен исход.Во Сиера Леоне во посочениот период имало 9 мртви и 59 нови заболени. Во оваа земја има 9067 заболени од кои 374 починале. Во Гвинеја, од каде и епидемијата започна да се шири, починале уште 2 лица а уште 36 заболеле. Во земјата се регистрирани 579 случаи и 396 починати. Од СЗО истакнаа дека во Нигерија не е забележан ниеден нов случај. Таа е најнаселената африканска земја во која има вкупно 15 заболени и 4 смртни случаи, Нигериското министерство за здравство изведи дека во вторникот навечер болеста ја земала и 5-та жртва. СЗО на 8-ми август прогласи вонредна состојба во светското јавно здравство поради оваа досега незапаметена епидемија на хеморагиската грозница ебола и препорача воведување вонредни мерки во погодените земји.Засега не постои соодветен лек или вакцина за вирусот на еболата. Меѓутоа, група експерти на СЗО вонредно одобри дека во погодените земји поделат експерименталните лекови и вакцини, признавајќи дека сепак мал број пациенти може да ги добијат, имајќи ги предвид малите количества кои стојат на располагање.Во студијата објавена во научното списание Nature, Оливие Брејди, епидемиолог од универзитетот Оксфорд, наведува дека бројката од 30 илјади луѓе е „претпазливо сценарио“ коешто се темели на облиците на зараза забележани во досегашните епидемии од еболата кои главно зафаќале изолирани селски области. За да дојде до таа бројка, утврдил четири групи луѓе: пациентите и нивните семејства, медицинскиот персонал задолжен за нивната нега и за згрижување на телата, хуманитарните активисти и другите социјални работници кои се во контакт со нив и патниците коишто се враќаат од ризичните подрачја.Одговарајќи на прашање на AFP, Брејди истакнува дена не може ништо да каже за идните потреби, имајќи го преглед моменталното ширење на епидемијата во градските средини. „Тешко е да се каже како тие бројки ќе растат. Јасно е дека епидемијаа е далеку од крајот“, додава.Епидемијата којашто веќе деветти месец ги пустоши земјите од западна Африка, е најтешката во 14-те последни епидемии од истиот вирус наречен и Заирски сој, според поранешното име на сегашната Демократска Република Конго каде што првпат беше откриен во 1976 година.Количествата од ексеприменталниот американски серум „ZMapp“, кој инаку даде позитивен резултат кај повеќе заболени, веќе се потрошени, истакна Брејди, а расположивите резерви од другите експериментални лекови можат да се користат само кај „неколку стотини, па дури и десетици луѓе“. Џонатан Бол, професор по молекулска вирологија на универзитетот во Нотингем, изјави дека е „важно точно да се одреди што сакаме да се добие со овие интервенции, бидејќи лековите за разлија од вакцините, никогаш не успеале да искоренат епидемии на вирусни инфекции“. Оценува дека најдобро средство во борба со епидемијата е „подучувањето, помошта од државата, подобрените медицински служби и строгиот надзор на инфекцијата“./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ7 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ8 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет9 часа

Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти

Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред...

Свет10 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија14 часа

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија15 часа

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија15 часа

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...

Македонија15 часа

Денес може да се дарува крв во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција...

Македонија1 ден

Адвокатката на газда Деко од „Пулс“ бара надлежните да реагираат откако родителите на загинатите деца ја ставија на транспарент

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на прво и на третообвинетиот во процесот „Пулс“ денеска излезе со реакција, поради употреба...

Македонија1 ден

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со порака: Правдата што доцни не е правда

„Правдата што доцни не е правда“ – ова беше пораката што денеска повторно одекна во Кочани, од блиските на загинатите...

Свет1 ден

Зеленски: Трилатералните разговори беа конструктивни

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека трилатералните разговори меѓу делегациите на Украина, Русија и САД во Абу Даби биле...

Топ1 ден

86-годишна жена од Виница измамена за 30.000 евра, лажен лекар ја довел во заблуда дека ќерката е повредена

Осумдесет и шестгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама во која останала без 30.000 евра, откако...

Свет1 ден

Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби

Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина  меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми....

Македонија2 дена

Државата наплати данок од над 2 милиони денари од донациите за настраданите во пожарот во Кочани

Иницијативата „Супорт Кочани“ ја реализираше третата распределба на средства собрани преку заедничката наменска сметка за донации. На лица директно погодени...

Свет2 дена

На минусни температури, 6.000 згради во Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад

Речиси 6.000 згради во украинската престолнина Киев останаа без греење по синоќешниот руски напад, изјави градоначалникот на градот, Виталиј Кличко,...

Регион2 дена

Крвава ноќ во Калуѓерица, маж по расправија со девојка се прободел со кујнски нож

Д.Г. (40) се повредил со нож во пределот на стомакот по расправија со девојка. Инцидентот се случил во белградската населба...

Македонија2 дена

Со понудени куќи, булдожери и милионска гаранција конзулот Марковски излезе од притвор

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски...

Македонија2 дена

По денешните протести, Синдикатот на „Македонска пошта“: Надминати се сите проблеми, декемвриската плата е исплатена

Незадоволството на вработените во Македонска Пошта денеска прерасна во организиран протест низ целата држава, а причина за ваквата реакција и...

Европа2 дена

(Видео) Се појавија првите снимки од денешната средба: разговорите меѓу САД, Украина и Русија во Абу Даби ќе продолжат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе...