Вести
Технолошкиот гигант Самсунг вмешан во претседателскиот скандал во Јужна Кореја

Јужнокорејските обвинители во средата извршиле рација во канцелариите на технолошкиот гигант Самсунг, поради наводна вмешаност во скандалот со претседателката Парк Гуен-хе, пренесува Reuters.
Обвинителите исто така извршиле рација и во најголемиот јужнокорејски пензиски фонд, Националната пензиска служба (НПС), а според агенцијата Yonhap, овој фонд бил вмешан во спојувањето на јужнокорејските компани Самсунг Ц&Т Корп и Шеил Индустрис, вредно осум милијарди долари.
Рациите посочуваат дека обвинителите сега ја прошируваат својата истрага на корупцискиот скандал кој ја тресе земјата, односно поврзаноста на претседателката Парк со големите бизниси.
Од Самсунг потврдиле дека нивните канцеларии биле посетени од страна на обвинителите, без да соопштат повеќе детали. Претседателката Парк последниот месец е под истрага дека заедно со својата блиска пријателка Чои Сун-сил, несоодветно вршеле притисок врз големите компании во земјата, вклучувајќи го и Самсунг, да обезбедат средства за фондациите на Парк кои промовирале културни и спортски заедници.
Парк, чиј мандат завршува во февруари 2018-та, ги одби повиците за оставка и двапати упати извинување до јавноста, порачувајќи дека „го правела она што било добро за економијата на земјата“. Во земјата, а особено во Сеул, деновиве се одржуваат масовни протести против јужнокорејската претседателка, а на последниот протест во јужнокорејската престолнина учествуваа половина милион лица, пренесуваат тамошните медиуми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.