Вести
Тешка ноќ за роднините на патниците на исчезнатиот авион ‘AirAsiа’

Повеќе од сто роднини на патниците на исчезнатиот авиона на нискотарифната воздухопловна компанија ‘AirAsiа’ на летот QZ8501 во неделата навечер чекаа вести во импровизираниот кризен центар на аеродромот во индонезискиот град Сурабаја.
На аеродромот е и директорот на оваа малезиска компанија „Air Asiа“ која има филијала во Индонезија, Тони Фернандес, кој им дава поддршка на семејствата на исчезнатите, но компанијата ништо не може да им понуди освен храна и закрепнување, хотел за преноќување и уверување дека се справи се’ да се пронајде исчезнатиот авион.
„AirAsiа ни плати сместување, но не можам да се одморам“, изјави Reuters човек кој се преставил како Харјанто, кому со авионот му патувале четири роднини. Тој вели дека повеќе од десет часа на аеродромот.
Фернандес, директор на британскиот фудбалски прволигаш Квинс Парк Ренџерс и поранешен директор на „Warner Music“, им се обрати на роднините во кризниот центар. „Индонезиските власти прават се’ што можат да ги пронајдат исчезнатите, не е добро да се шпекулира. Најважно ни е да се погрижиме за семејството“, рече Фернандес.
Индонезија до мугрите ја прекина потрагата по авионот кој со 162 патници и членови на екипажот на летот од Сурабаја до Сингапур во неделата наутро исчезна од радарите на контролата на летањето откако пилотите барале промена на курсот и зголемување на височината на летот поради турбуленцијата и невремето.
Летот QZ8501, односно авионот од типот „Airbus 320-200“ со 155 патници и 7 членови на екипажот, го изгубил контактот со контролата на летањето во Џакарта во неделата во 6,17 часот по локално време. Не е испратен сигнал за помош. Меѓу 162 лица во авионот, 155 биле Индонезијци, тројца од Јужна Кореја, и по едно од Сингапур, Малезија и Велика Британија, додека пилотот бил Французин.
„Сите свои капацитети ги вклучивме во потрагата на копно и на море и се надеваме дека што поскоро ќе го лоцираме авионот. Мораме да нагласиме дека досега не утврдивме дека авионот паднал, ниту за каков проблем станало збор“, изјави на прес-конференција шефот на Индонезискиот национален комитет за безбедност во сообраќајот, Татан Курниади./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.