Контакт

Вести

Тешки преговори на самитот ЕУ и Турција

Објавено пред

Челниците на Европската унија ќе се сретнат подоцна во четвртокот во Брисел за со претставниците на Турција да го финализираат договорот со кој оваа земја би се обврзала да ги запре мигрантите на патот кон западните и северните земји од Унијата, а за возврат би добила финансиска помош и други отстапки, меѓутоа преговорите, судејќи според сé, ќе бидат тешки поради низата спротиставености.
 

dobivaj vesti na viber

Челниците на Европската унија ќе се сретнат подоцна во четвртокот во Брисел за со претставниците на Турција да го финализираат договорот со кој оваа земја би се обврзала да ги запре мигрантите на патот кон западните и северните земји од Унијата, а за возврат би добила финансиска помош и други отстапки, меѓутоа преговорите, судејќи според сé, ќе бидат тешки поради низата спротиставености.

 

Новиот дводневен самит ќе започне во четвртокот со чувствителната тема за мигрантската криза на којашто 28-те земји членки на ЕУ различно гледаат, а во петокот на европските челници треба да им се приклучи и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Германската канцеларка Ангела Меркел, чијашто земја минатата 2015 година прими повеќе од милион баратели на азил, најмногу во ЕУ, и оттаму го имаше главниот збор во минатите преговори со Турција, изјави дека договорот меѓу Унијата и Турција ќе биде „првата шанса“ да се изнајде заедничко решение за мигрантската криза. Меркел јасно истакна дека ЕУ „нема да ги жртвува“ демократските принципи за да ја придобие наклонетоста на Анкара за решавање на кризата.

„Целта е јасна: договор кој ќе биде прифатлив за 27-те членки на ЕУ, како и за нашите турски партнери“, изјави во средата претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

ЕУ, која се чувствува претоварена со повеќе од 1,2 милиони баратели на азил во 2015 година, со месеци наназад се обидува да издејствува од Турција да соработува, со тоа што ќе го запре неконтролираниот прилив на мигрантите. На самитот кој се одржа на 7-ми март, Турција изрази подготвеност да ги презема сите нови мигранти кои од Турција испловуваат кон Грција, вклучително и оние кои барат азил. За возврати бара удвојување, на вкупно шест милијарди евра, на помошта од Брисел, укинување на визниот режим за нејзините граѓани од јуни и отворање на петте блокирани поглавја од пристапните преговори.

„Сепак, списокот со проблеми кои треба да се решат е долг, а приоритет е да се почитува европското и меѓународното право“, рече Туск.

Меѓутоа, Обединетите нации предупредија дека е незаконски „колективното и арбитрарно протерување на сите мигранти“ кон Турција. Европската комисија, пак, тврди дека ќе го почитува меѓународното и европското право, како и дека поединечно ќе го разгледува секој случај.

Од друга страна, на барањата на Турција за отстапки од ЕУ, се противат поединечни земји членки. Франција, којашто има резерви кон укинувањето на визите за турските државјани при влегувањето во Шенген зоната, предупредува дека нема да има никакви „прогледувања низ прсти“, кога станува збор за критериумите коишто Турција мора да ги исполни. Австрија, пак, смета дека на авторитарниот исламско-конзервативен турски режим му се даваат воопшто преголеми отстапки, а Унгарија и уште некои земји се против распоредувањето на барателите на азил во земјите од ЕУ според квоти.

Како потенцијално најгорливо прашање се очекува да биде одговорот на турскиот премиер Давутоглу на понудата на Брисел со Анкара да ги отворат новите поглавја во преговорите за членство во ЕУ кои се провлекуваат со години наназад. Некои од тие поглавја ги блокира Кипар кој со децении е во конфликт со Турција кому му одбива да му гарантира подеднаков статус како и на другите членки на ЕУ во врска со пристапот кон турските пристаништа и аеродроми. Претседателот на поделениот на грчки и на турски дел остров во Медитеранот, Никос Анастасијадес изјави дека е подготвен да го повлече ветото на преговорите меѓу ЕУ и Турција за некои поглавја, доколку Анкара го признае Кипар. Турција, пак, бара од Кипар отстапки за Република Северен Кипат во која живее турската заедница, држава којашто ја признава само Анкара./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија7 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија8 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ11 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија11 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет13 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет13 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет13 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион14 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет14 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...