Контакт

Вести

Толпа во Пакистан претепа и изгоре христијанска брачна двојка

Објавено пред

Пакистанска христијанска брачна двојка е претепана до смрт во вторникот од разјарена муслиманска толпа под обвинение за сквернавење а потоа нивните тела ги изгорела во печки, соопшти полицијата.
 

dobivaj vesti na viber

Пакистанска христијанска брачна двојка е претепана до смрт во вторникот од разјарена муслиманска толпа под обвинение за сквернавење а потоа нивните тела ги изгорела во печки, соопшти полицијата.

 

Најновите убиства на христијаните во бранот растечко насилство над пакистанските етнички и верски малцинства кои не се сунитски муслимани, се случиле во местото Кот Рада Кишани, 60-ина километри од Лахоре, најголемиот град во источниот дел од Пакистан кон пограничниот регион со Индија.

Обвинувањата за сквернавење досега се користеле како оправдување за прогонот на малцинствата и решавање на лични нетрпеливости, бидејќи лесно го предизвикуваат гневот на населението во оваа конзервативно исламистичка република, во којашто се активни и радикалните исламистички групи како талибаните, Ал Каеда и др.

„Толпата нападнала и до смрт претепала христијанска двојка под обвинение дека го сквернавеле Куранот. Потоа нивните тела ги изгореле во печка од глина на којашто работел“, изјавил за AFP началникот на локалната полиција Бен Јамеен.

Масата му пресудила на брачната двојка Шехзада и Шами коишто ги сметала за виновни за наводно сквернавење на светата муслиманска книга Куранот, додал Јамеен, а за агенцијата истата информација ја потврдил уште еден полициски офицер.

Властите на покраината Пенџаб, во којашто се наоѓа местото во коешто се одиграла трагедијата, наредиле брзо спроведување на истрагата во врска со овој случај, а на полицијата и’ наредиле да ја засили безбедноста во христијанските населби.

Христијаните коишто во Пакистан ги има 3 милиони од вкупно 180-те милиони жители, неретко се многу сиромашни и не можат да добијат подобри работни места.

Инаку, за сквернавење кое опфаќа навреда на исламот, пророкот Мухамед и на Куранот, пакистанскиот закон предвидува и смртна казна. Активистите за човекови права го критикуваа тој закон, обвинувајќи дека под изговорот со него всушност се врши прогон на малцинствата.

Агенцијата го истакнува примерот на 2010 година кога Асиа Биби, христијанка и мајка на пет деца, беше осудена на смрт поради сквернавење, една година откако ја обвинија муслиманки во нејзиното село со кои се скарала. Претходно во август 2009 година, исто така во покраината Пенџаб, муслиманска толпа ги нападна христијанските населби во градот Горја кога беа живи запалени шест луѓе, од кои четири жени и едно дете, а десетици куќи на христијани беа запалени и уништени.

Осудениците не се поштедени ниту во затворени. Така кон крајот на септември годинава, во затвор близу главниот град Исламабад, еден затворски чувар се обиде да убие Британец кој е осуден за бласфемија./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на нигериското раководство со можна воена интервенција, доколку, како што рече, владата продолжи...

Свет39 минути

Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во...

Свет1 час

(Видео) Напад во воз во Англија, 9 лица се борат за живот

Девет лица се во животна опасност по напад со нож во воз во близина на Кембриџ, источна Англија, јави „Индекс“....

Македонија1 час

Отворени гласачките места, граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и Град Скопје

Денеска во земјава се одржува вториот круг од локалните избори, на кои граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во...

Спорт14 часа

Ракометарите го загубија вториот контролен меч против Јапонија

Ракометната репрезентација на Македонија, во рамките на ЕХФ неделата, одигра два натпревари со Јапонија. Првиот го доби, тој се играше...

Регион14 часа

Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“

Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании,...

Македонија19 часа

Матичарка и службеници ѝ „подариле“ втор идентитет на кумановка, завршија со пријава

Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против четири лица — В.Б. (56), Н.З. (41), Х.Е. (53) и В.П. (67) —...

Топ19 часа

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Забава20 часа

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на...

Македонија22 часа

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија22 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија1 ден

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион1 ден

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет1 ден

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет1 ден

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет2 дена

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија2 дена

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија2 дена

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија2 дена

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија2 дена

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...