Вести
Трамп го зајакнува водството во клучната држава Њу Хемпшир
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/donald20tramp20raka20strea.jpg)
Милијардерот Доналд Трамп го зацврсти водството меѓу републиканците во сојузната држава Њу Хемпшир, каде на 9-ти февруари ќе се одржат прелиминарните внатрепартиски избори за номинацијата на Републиканската партија за американките претседателски избори во ноември годинава.
Во сојузната држава Ајова, веќе на 1-ви февруари ќе гласа во серијата внатрепартиски изјаснувања на републиканците за номинацијата за трката за Белата куќа. Но победникот на прелиминарните избори на 9-ти февруари во Њу Хемпшир, може да се смета за фаворит на изборите на Републиканката партија кои ќе е одржат во јули кои ќе го дадат кандидатот за Белата куќа, оценуваат коментаторите.
Според резултатите од последното истражување на јавното мнение спроведено од телевизиската мрежа CNN и институтот WMUR, Доналд Трамп има поддршка од 34 отсто од републиканските избирачи во Њу Хемпшир, додека во декември таа изнесуваше 32 проценти. На второ место е сенаторот од Тексас, Тед Круз, со 14 процентна поддршка, наспроти само 6 отсто од минатиот месец. Третото место го делат поранешниот гувернер од Флорида, Џеб Буш, и сенаторот од истата сојузна држава Марко Рубио со по 10 отсто поддршка. Другите републиканки кандидати во Њу Хемпшир уживаат 6 отсто или помалку поддршка од гласачите на партијата.
Истовремено, анкетата спроведена од 13-ти до 18-ти јануари меѓу 413 приврзаници на републиканците во Њу Хемпшир, покажала дека 31 отсто од испитаниците уште не се одлучиле за кого ќе гласаат во февруари, што остава простор кандидатите да водат жестока битка за гласовите претстојните денови.
Универзитетот во Монмут во средата ги објави резултатите од своето истражување на национално ниво, кое покажува дека Трамп е во водство со 36 отсто поддршка, за 5 процентни поени помалку отколку во декември 2015-та. Зад него повторно е Тед Круз со 17 отсто, што претставува раст од 3 процента во однос на декемвриската анкета.
Трет е Рубио со 11 отсто, а по него следат пензионираниот неврохирург Бен Карсон и Џеб Буш со 8 односно 5 отсто поддршка. Останатиот дел од кандидатите кај републиканците не успеале да освојат повеќе од три отсто на национално ниво.
Анкетата, исто така, покажува дека републиканските гласачи го гледаат Доналд Трамп како најсилен против кандидат на водечката во битката за номинација на Демократската партија, Хилари Клинтон. Околу 37 отсто од републиканците сметаат дека милијардерот има најголеми шанси да ја порази на претседателските избори првата дама, додека 24 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Тед Круз.
Покрај тоа, истражувањето покажува дека Џеб Буш меѓу водечките републикански претенденти се уште има најлош сооднос меѓу позитивната (32 отсто) наспроти негативната (47 отсто) перцепција кај партиските избирачи. Трамп и тука е во предност, бидејќи позитивно го доживуваат 57 отсто, наспроти 32 отсто гласачи негативно./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.