Контакт

Вести

Трамп има одлично здравје, Клинтон вети дека ќе го објави својот здравствен картон

Објавено пред

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп има „извонредно здравје“ изјави во четвртокот неговиот лекар изнесувајќи опширно резултати од неговите неодамнешни медицински прегледи, додека неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон вети дека ќе изнесе дополнителни информации за својата здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Во дописот од изборниот штаб на Доналд Трамп, се додава дека тој е тежок 107 кгр и висок 190 см, а се набројуваат и неговите вредности за маснотиите во крвта (169), триглицериди (61) и артериски притисок (11, 6/7). Се додава и неговиот последен наод од колоноскопија од јули 2013 година бил уреден, како и рентгенската снимка на белите дробови од април 2016 година и електрокардиограмот од декември 2014 година.

„Накусо, Трамп е со извонредно здравје“, напиша лекарот Харол Борнстејн, истиот оној кој во 2015 година набрзина и во четири точки напиша дека Трамп ќе биде најздравиот американски претседател во историјата.

Оваа вест дојде неколку часа откако лекарот на нејзината демократска противкандидатка Хилари Клинтон потврди дела таа е „здрава и може да биде претседателка“.

Здравствената состојба на кандидатите за изборите на 8-ми ноември стана важна тема во кампањата, откако со месеци наназад некои американски медиуми пишуваа дека поранешната прва дама и државна секретарка има кревко здравје, и особено откако во неделата Хилари Клинтон беше принудена предвреме да ја напушти церемонијата во спомен на жртвите од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година во Њујорк, откако ѝ се слоши. Подоцна беше објавено дека причина за тоа е пневмонија. Во моментов таа закрепнува во нејзиниот дом во државата Њујорк, привремени прекинувајќи го личното учество во изборната кампања.

Клинот во слушаната радиоемисија на Том Џојнер во четвртокот вети дека ќе даде повеќе информации за својата здравствена.

„Навистина сум среќна што конечно ги следев упатствата на лекарите и земав неколку дена одмор, намести сето тоа да го минам на нозе, како што сметам дека го прават многумина“, изјави Клинтон.

Додаде, исто така, дека сака да ја задржи транспарентноста на својата кампања што е можно повеќе. „Лекарскиот извештај, кој јас го дадов и којашто планираме да го објавиме, соодветствува и ќе ги подигне стандардите кои ги следеа другите претседателски кандидати, вклучително и претседателот (Барак) Обама и (неговиот републикански противкандидат од 2012 годна Мит Ромни“, рече Клинтон.

„Имаме намера да доставиме дополнителни информации, тие ќе бидат двапати поголеми од она што го објави“ Трамп, уверува Клинтон.

„Навистина сакаме да одговориме на легитимните прашања кои можат да се јават кај луѓето. Многу сум трогната од вниманието кое беше пројавено за мојата здравствена состојба“, заклучи Клинтон.

Телевизиската мрежа NBC објави список со прашања до нејзиниот предизборен штаб на кои досега нема одговори. Новинарите особено ги интересирало: зошто се криела таква дијагноза, како што е пневмонијата; дали станува збор за атипична пневмонија којашто може да се прележи на нозе; чувствувала ли Клинтон последните денови слабост од други причини; дали по неделната епизода Клинтон ја загубила свеста; зошто не била хоспитализирана, туку прво ја однеле во домот на ќерката Челзи во Њујорк, итн.

Претходно личната лекарка на Хилари Клинтон, Лиза Бардак, изјави дека кај кандидатката е дијагностицирана „лесна форма на незаразна бактериска пневмонија“, којашто се третира со антибиотици. Според неа политичарката во моментов се лекува. Самата Клинтон, пак, планира да се појави во јавноста веќе во сојузната држава Северна Каролина./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија3 часа

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија6 часа

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија8 часа

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија1 ден

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...

Топ1 ден

Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга

Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од...

Топ1 ден

Остатоци од човечко тело најдени во кавадаречко Сопот

Во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во атар на кавадаречкото село Сопот биле пронајдени остатоци од човечко тело, информираа...

Топ1 ден

Полицијата ги најде децата кои тепаа малолетник во Струмица и го снимаа за на Тик Ток

Случајот во кој четворица малолетници насилно се однесувале кон малолетник во Струмица, а потоа настанот го објавиле на социјалната мрежа...

Македонија1 ден

Таен ринг за борби со кучиња разоткриен во битолско, заработувале од мачење животни

Грчки државјанин сопственик на куче, пит бул, косовски државјанин сопственик на куче од расата американски стафорд, како и двајца македонски...

Свет1 ден

(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати

Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку...

Свет1 ден

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови

Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана. – Во текот на...

Свет2 дена

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател

САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб

Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба. Таму беа...

Свет2 дена

Министрите на Трамп: Обновливите извори на енергија се бескорисни, ЕУ треба да купува наша нафта

Глобалните инвестиции во обновлива енергија се покажаа како залудни и светот треба да се фокусира на сигурно снабдување со фосилни...

Европа2 дена

Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за...

Топ2 дена

Кривична против полициски службеник од СВР Тетово: Ја заменил урината за да спаси син на колега кој бил уапсен за дрога

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија2 дена

За подарок од 50.000 евра, директорот на Платежната агенција му доделил на апликант финансиска помош од ИПАРД-програмата

Полицијата уапси пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој во најновиот коруптивен...

Топ2 дена

Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога

Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога. Според информациите...

Македонија2 дена

За најмногу шест месеци, од Зелениково до Центар за 25 минути ќе се патува со градскиот воз, сосе застанувања

Од Зелениково до централната железничка станица во Скопје со градскиот воз ќе се патува за 25 минути. Возот, кој ќе...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски за акцијата за чистење: Ова што вчера го почнавме не е маркетинг

Ова што вчера го почнавме не е маркетинг, туку да покажеме дека кога се сака – сè се може, вели...