Вести
Трамп остана без почесниот докторат во Шкотска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/4147207.jpg)
Шкотскиот универзитет Роберт Гордон од Абердин извести во средата вечерта да го повлече е почесен докторат кој му го додели на Доналд Трамп, откако неговата изјава да им се забрани да влезе предизвика бура протести и во Велика Британија каде што започна петиција за збрана за влез на Трамп на британска територија, иако шефот на британската дипломатија Џорџ Озборн изјави дека на на можниот републикански кандидат на претседателските избори во САД во 2016-та не би требало да му биде забранет влезот во Обединетото Кралство.
Универзитетот во Абердин објави дека изјавите на Доналд Трамп во врска со муслиманите се „неспоиви со вредноста“ на оваа инситуција.„Во рамките на американската претседателска кампања, Трамп даде одреден број изјави кои се целосно неспоиви со духот и вредностите на универзитетот. Последично, универзитетот одлучи да му го одземе почесниот докторат“, изјави портпаролот на универзитетот.Трарп во Шкотска поседува два голф терена, неговата мајка е од Шкотска а почесниот докторат од универзитетот Абердин го има од 2010 година.Британскиот министер за надворешни работи Џорџ Озборн претходно изјави дека не би требало да му се забрани на Доналд Трамп да влезе во Велика Британија, како што бараат неколкуте стотици потписници на интернет петиција. Од британскиот парламент, притоа, соопштија дека оваа петиција нема да биде разгледувана во законодавниот дом пред јануари 2016 година.„Мислам дека најдобар начин да се спротиставите на ставовите на некој како Доналд Трамп е да о вклучите во демократска расправа за тоа што е погрешно кога се зборува за придонесот на американските муслимани, и секако, британските муслимани. Тоа не најдобриот начин да му се спротиставите на Доналд Трамп и на неговите ставови, наместо да воведувате забрана за влез на претседателски кандидати“, истакна Озборн.Доналд Трамп ја даде изјавата за суспендирање на влегувањето во САД на муслимани „се додека на американските функционери не им стане јасно за што станува збор“ наведувајќи социолошки анкети според кои американските муслимани не се многу лојални кон САД и имаат омраза кон Американците. Тие изјави дојдоа откако радикализирана млада брачна двојка муслимани извршија терористички напад во Калифорнија во кој убија 14 а ранија уште 21 човек./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.