Вести
Трамп: САД можеби нема автоматски да ги штитат сојузниците во НАТО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/donald20tramp20malce.jpeg)
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека, доколку стане претседател, САД може да престанат со практиката автоматски да ги штитат своите сојузници во НАТО, на коишто инаку од претходно им забележува дека недоволно се грижат за сопствената безбедност и во финансиска смисла и најавува намалено американско воено присуство во светот.
Во интервјуто за дневниот весник The New York Times, Доналд Трамп вели дека Вашингтон би им пружил помош само на оние сојузници „коишто ги исполнуваат обврските кон нас“.
Сите членки на НАТО имаат договор за заедничка одбрана во случај на напад на една од нив.
Трамп во интервјуто ги навестува главните насоки на својата надворешна политика, насочена на намалувањето на американската воена присутност во странство.
Републиканскиот кандидат, исто така, вели дека доколку биде избран за прв човек на САД „нема да врши притисок поради пресметките со политичката опозиција и во врска со граѓанските слободи“, истакнувајќи дека во прв ред треба „да се исчисти сопствениот двор“ пред „држењето уроци“ на другите држави.
„Погледнете што се случува во нашата земја! Како ќе им солиме памет на другите, доколку луѓето овде ги убиваат нашите полицајци?“, вели Трамп.
Запрашан за пропаднатиот обид за воен преврат во Турција, Трамп го пофалува турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кого некои западни челници го обвинуваат за авторитарно владеење.
„Му одавам почести бидејќи успеа да ги пресврти работите. Некои луѓе велат дека сето тоа било наместено, но јас не мислам така“, смета њујоршкиот претприемач и милијардер во врска со неуспешниот обид за пуч во Турција.
Републиканскиот кандидат вели и дека ќе ги разгледа трошоците на одбранбените договори за САД, што потенцијално отвора можноста истото да го сторат и другите сојузници. Истакнува дека „би сакал да може да продолжи со тие трошоци“, но не доколку почувствува дека сојузниците само ги искористуваат САД,
Навестува, покрај тоа, дека е наклонет кон затворањето на американските воен бази во странство. „Доколку одлучиме дека мораме да ги браниме САД, секогаш можеме да испратиме војници“ надвор од САД вели Трамп и додава дека „тоа е многу поевтино“./крај/мф/сн
Извор: BBC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.