Вести
Трамп возврати на пофалбите од Путин
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/doland20tramp20palec.jpg)
Очевидно поласкан од она што на големата годишна прес-конференција го кажа за него рускиот претседател Владимир Путин, водечкиот републикански кандидат за номинација на претседателските избори во САД во 2016-та Доналд Трамп возврати со иста мерка нарекувајќи го „моќен челник“.
„Тој е силен лидер, моќен челник. Тој ја води својата земја“, изјави американскиот милијардер Доналд Трамп во емисијата „Morning Joe“ на телевизиската мрежа MSNBC.„Последните години тие (Русите) го почитуваа како челник. Мислам дека има околу 80 отсто од популарноста, додека гледаме дека (американскиот претседател Барак) Обама има 30 до 40 отсто“, изјави републиканскиот кандидат кој самиот ја финансира кампањата за влез во Белата куќа во јануари 2017 година.Со тоа Трамп реагираше на пофалбите коишто во четвртокот за него ги искажа рускиот претседател Владимир Путин.Имено Путин рече дека водечкиот републикански кандидат „е многу темпераментен човек, многу талентиран, без секакво сомнение. Но не е до нас да ги оценуваме неговите дострели, туку до американските избирачи“, рече рускиот претседател Владимир Путин.„Апсолутен лидер е во претседателската трка, како што гледаме денес. Вели дека сака ново ниво на односите, дека сака да ги продлабочи односите со Русија. Како да не го поздравиме тоа? Секако дека го поздравуваме“, рече Путин.Но кога водителот на MSNBC забележал дека Путин „ги убива новинарите, претставниците на опозиција и освојува земји“, Трамп возврати „Тој ја води својата земја, тој е барем челник, за разлика од она што го имаме во нашата земја“.„Покрај тоа, мислам дека и нашата земја врши бројни масакри“, додаде Трамп.Сепак на инсистирањето на водителот Џо Скарбороу, кој е поранешен републикански пратеник од Флорида, дека „очигледно го осудувате Путин кој убива новинари и претставници на политичката опозиција“, Трамп кусо одговори и „Се разбира, секако“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.