Контакт

Вести

Трет ден протести во Њујорк против полициското насилство

Објавено пред

Демонстрантите во Њујорк и во другите американски градови трета ноќ по ред протестираа против полициското насилство врз расните и етнички малцинства, а обвинителите најавија дека ќе ги разгледаат обвинувањата против полицаецот кој во ноември уби невооружен црнец.
 
 

dobivaj vesti na viber

Демонстрантите во Њујорк и во другите американски градови трета ноќ по ред протестираа против полициското насилство врз расните и етнички малцинства, а обвинителите најавија дека ќе ги разгледаат обвинувањата против полицаецот кој во ноември уби невооружен црнец.

Убиството на 28-годишниот Акаи Гарли во ноември на слабо осветлен простор во њујоршки Бруклин, беше последниот во низата смртоносни полициски акции коишто предизвикуваа бурни реакции и згрозувања на американската јавност поради, како што се смета, расното насилство од страна на припадниците на полицијата. Бранот масовни но главно мирни протести оваа седмица започна во средата кога големата порота на Њујорк ги отфрли обвинувањата против белиот полицаец Даниел Пантелео кој во јули со зафат кој е забранет во њујоршката полиција од пред дваесет години го задуши 43-годишниот Ерик Гарнер кој боледувал од асма, црнец и татко на шест деца кој продавал шверцувани цигари. Објавувањето на оваа одлука дојде само девет дена откако големата порота на сојузната држава Мисури, исто така, донесе одлука да не поведува судски процес против 28-годишиниот бел полицаец Дарен Вилсон од гратчето Фергусон, кој во август со шест истрели го усмрти 18-годишниот афроамерикански тинејџер Мајкл Браун, за кој се тврди дека бил невооружен. Во четвртокот протести избувнаа и во Феникс во сојузната држава Аризона, откако на 4-ти декември полицаец во туркање убил невооружен црнец. Демонстрации беа одржани и во Чикаго, Бостон, Вашингтон, Њу Орлеанс и Окленд. „Владата создаде чудовиште, и тоа чудовиште сега е во дивјачки поход“, изјави Сораја Сои Фри, медицинска сестра од њујоршки Бронкс, на протестот во Њујорк, пренесува Reuters.Државниот обвинител на округот Бруклин, Кенет Томпсон, изјави во петокот дека ќе ја свика големата порота којашто би требало да донесе одлука дали ќе го тужи полицаецот кој го убил Гарли. Од полицијата, пак, соопштија дека полицаецот Питер Лианг можеби сосема случајно го испукал смртоносниот куршум.Серијата полициски убиства на црнци го принудија американскиот политички естаблишмент досега најсилно да се фати во костец со сé поочигледниот проблем на расизмот кој доминира во односот на американските сили за одржување на редот и припадниците на заедниците со друг тен на кожата, повеќето црнечки и хиспаноамерикански. Демонстрантите тврдат дека расизмот е структурен проблем во локалната полиција низ земјата. Статистиката покажува дека црнците се претресуваат, обвинуваат и се осудуваат несразмерно почесто во однос на белците, а полицајците многу ретко одговараат за своите насилни постапки. Поранешната прва дама на САД и државен секретар Хилари Клинтон, којашто ќе биде најверојатниот кандидат на Демократската партија на претседателските избори во 2016 година, во четвртокот повика на реформи на кривичниот систем и на полициските методи на дејствување, изразувајќи жалење поради тоа што „црнците имаат повеќе шанси да бидат претресени и приведени, како и да бидат обвинети и осудени на подолги казни“ од белците.По одлуката на големата порота на Њујорк да не подигне обвинување против полицаецот Пантелео, американскиот министер за правосудство Ерик Холдер најави сојузна истрага за убиството на Гарнер, чија цел ќе биде да утврди дали на убиениот црнец му се повредени човековите права. Таквата истрага веќе е покрената и за случајот во Фергусон, и тоа пред објавување на одлуката на големата порота да не подигне обвинение против белиот полицаец./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија

Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија12 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија17 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ18 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија20 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија21 час

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија21 час

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ21 час

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија21 час

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија21 час

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет23 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа23 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет1 ден

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет1 ден

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет1 ден

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа1 ден

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет2 дена

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...