Вести
Триесет Курди убиени во Хасака
Најмалку триесет курдски борци се убиени во двоен терористички напад со камионет бомба кој го извеле бомбаши самоубијци од џихадистичката Исламска држава (IS) во североисточна Сирија, извести опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.
„Најмалку триесет припадници на Единиците за заштита на курдскиот народ (YPG) и на курдските безбедносни сили загинаа која двајца бомбаши самоубијци од Исламската држава предизвикаа експлозии на камионети северно од Хасака“, изјави за AFP директорот на SOHR, Рами Абделрахман кој живее во Лондон но извештаите ги добива од соработници и активисти во Сирија.Нападите биле насочени на две позиции на курдската милиција и на курдските безбедносни сили, меѓи кои и центарот за обука, на влезот на градот кој половично го контролираат курдските борци и силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад кои се сојузници во овие области против џихадистите.Овој двоен терористички напад е изведен додека Исламската држава се заканува со навлегување во Кобане (Ајин ал-Араба на арапски), третиот по големина курдски град во Сирија, во покраината Алепо која инаку пред граѓанската војна која започна во март 2011 година беше доминантно населена со алавитската (шиитска) заедница и христијани. Џихадистите од 16-ти септември се обидуваат да го заземат Кобане кој има стратешко значење, бидејќи со тоа ќе обезбедат контрола на долгиот појас територии на сириско-турската граница. Во понеделникот припадниците на Исламската држава се приближија на само два километра од Кобане, а според некои информации успеале да влезат во некои рабни населби и да го истакнат знамето на организацијата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.