Контакт

Вести

Тунис трага по трет осомничен за нападот во музејот

Објавено пред

Туниски војник загина во неделата навечер во експлозија на мина, којашто според тврдењето на властите, ја поставиле џихадистите откако претседателот Беџи Каид Есебси изјави дека полицијата трага по третиот сторител во нападот во музејот „Бардо“ минатата седмица кога беа убиени дваесет странски туристи.

dobivaj vesti na viber

Еден војник загина, а двајца се ранети кога нивното возило наиде на мина во планина на западот од земјата, крај границата со Алжир. Мината ја поставиле терористите“, изјави за AFP еден од портпаролите на министерството за одбрана на Тунис.

Тунис од крајот на 2012 година се обидува, засега безуспешно, да ја неутрализира групацијата поврзана со Ал Каеда во исламски Магреб (AQMI) кои дејствуваат во планинскиот предел по должина на алжирската граница.

Покрај тоа, ден по објавувањето на видеоснимката на којашто се гледаат двајцата вооружени напаѓачи во внатрешноста на музејот „Бардо“ во центарот на главниот град Тунис, претседателот Есебси изјави дека постои и трето лице кое е директно вмешано во нападот за кој одговорноста ја презема џихадистичката групација Исламска држава во кој минатата среда загинаа 20 странски туристи и еден туниски полицаец.

„Сигурно е дека биле тројца (…) Двајца се убиени, но еден уште е во бегство“, изјави тунискиот претседател за француските медиуми. Меѓутоа, не кажа каква била улогата на ова лица. На видеоснимките од надзорните камери објавени во саботата се гледаат двајца напаѓачи како вооружени со автомати се шетаат низ салоните на музејот. Потоа на снимките се гледаат нивните мртви тела, а во еден инсерт тие уште се живи и кусо разговараат со еден маж.

Тунискиот државен секретар за безбедност, Рафик Чели, изјави за порталот на парискиот неделник Paris Match дека третото лице на снимката „е еден од двајцата возачи на скутери кои ги довеле напаѓачите, а потоа сакал да побегне кога го видел жестокиот одговор на полицијата којашто веќе пристигнала на местото на настанот“. „Возачите и другите логистички помагачи, вкупно 15 лица, се зад решетки“, додава Чели.

Министерството за внатрешни работи соопшти во саботата за AFP дека се уапсени повеќе од десет лица. Истиот ден министерството објави потерница по Махер Бен Мулди Каиди, „опасен терорист (…) по кој се трага поради учество во терористичката акција“. Како што појасни Чели за Paris Match, наводно станува збор за лице коешто го координирало нападот и не пукало врз терористите.

Властите известија само за двајцата напаѓачи убиени во престрелката со полицијата. Двајцата напаѓачи се идентификувани како средношколецот Џабур Кашнуи од покраината Касарин и 27-годишниот Јасин Лаабиди. Двајцата обуката за ракување со оружје ја добиле во соседната Либија, истакна туниската влада и додава дека ѝ биле познати на полицијата.

Претходно во четврокот џихадистичката групација Исламска држава ја презема одговорноста за нападот од средата во музејот „Бардо“ во Тунис преку аудио снимката објавена во четвртокот на џихадистичките мрежни страници. Нарекувајќи го нападот во музејот во центарот на туниската престолнина „благословен напад на еден од бастионите на неверниците во муслимански Тунис“, гласот кој се слуша на аудио снимката вели дека крвавата акција ја извеле „двајца рицари на калифатот, Абу Закарија ал-Тунис и Абу Анас ал-Тунси“.

„Истрагата ќе оди далеку“, истакна во неделата претседателот Есебси, додавајќи дека се води уште една истрага со којашто ќе се утврди кој е виновен за безбедносните пропусти во многу посетуваниот музеј „Бардо“.

Нападот во музејот е први во Тунис по 2002 година во кој жртвите се странци. Покрај тоа, прв е и за кој одговорноста ја презема Исламската држава којашто пустоши во соседна Либија, како и претходно во Сирија и во Ирак, а во нејзините редови има стотици Тунижани.

Најголемиот музеј во Тунис – „Бардо“, ќе биде отворен во вторник, потврди за AFP, неговиот кустос Монсеф Бен Муса, истакнувајќи дека археолошките експоната не биле оштетени во нападот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 минути

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет7 минути

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет18 минути

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа23 минути

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион10 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија10 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет13 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија16 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија18 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија19 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија20 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија21 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ22 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа24 часа

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...