Вести
Турција бара од НАТО да ги засили ракетните сили во земјата

Турција во четвртокот ги повика своите сојузници во НАТО да ја засилат противракетната одбрана на нејзината територија, откако Германија најави дека ќе ги повлече своите ракетни системи „Patriot“, а наскоро тоа има намера до го стори и САД кои беа распоредени во оваа земја поради кризата во соседна Сирија, а Алијансата сега очекува да помогнат другите членки.
Неколку дена по инцидентот со рускиот воен авион и двата со неидентификуваниот авион „МиГ-29“ кој провоцирал турски авиони „F-16“, турскиот амбасадор во НАТО го повика Сојузот да ги задржи на турска територија противвоздушни ракетни системи, изјавиле за Reuters два извора запознаени со разговорите на состанокот на министрите за одбрана во Брисел.,
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рекол дека е подготвен да испрати копнени сили да ја бранат Турција, па сега се поставува прашањето за стратегијата на Алијансата во оваа земја, којашто граничи со Сирија и со Ирак.
Германската министерка за одбрана рекла дека Берлин следната седмица ќе ги исклучи своите системи „Patriot“ во Турција и ќе ги повлече повеќето од војници кои со нив работат до католички Божик. Сите војници и опремата треба да бидат повлечени до крајот на јануари.
„Таа одлука е исправна. Прашањето е кој вид опасност може да се отстрани на кој начин“, рекла Урсула фон дер Лејен. Reuters коментира дека со тоа сугерирала дека турските воени авиони се способни да ги пресретнуваат странските воени авиони.
Потврдувајќи ја таа сугестија и признавајќи дека се разговара за тоа како да се примири Турција и да се одврати Русија, Столтенберг по состанокот претпладнето за новинарите изјави „Сега гледаме други видови предизвици. Но повторно разговараме со различни сојузници, со Турција, за тоа како и на кој начин можеме да им помогнеме“.
Ракетните системи „Patriot“ НАТО ги распореди на територијата на Турција во јануари 2013 година, по неколкуте инциденти кога проектили од сириската територија предизвикаа смртни случаи во турските погранични места. Во моментов и Шпанија има ваков свој прортиввоздушен систем во Турција.
САД наскоро ќе ги повлечат своите системи поради модернизирање. Франција и Италија наводно се подготвени да ѝ се придружат на Шпанија, но одлуката за тоа сé уште не е донесена.
Франција и Велика Британија наводно сакаат НАТО да ги искористи своите нови сили за брзо дејствување од 5.000 војници надвор од границите на Алијансата, па и во функција на стабилизирање на владата на Либија којашто ја признава меѓународната заедница, но и во Сирија.
Други држави, како Полска и земјите на Балтик, пак, постојано присуство на НАТО на нивните територии поради заштита од наводната руска закана./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.