Контакт

Вести

Турција го евакуира градот Каркамиш пред офанзивата против IS.ВИДЕО

Објавено пред

Турските власти во вторникот наредија евауација на населението од пограничниот град Каркамиш, откако беше гранатиран со минофрлачки оган од страна на припадниците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава од територијата на Сирија, пренесе телевизијата NTV, а министерот за надворешни работи Мевлут Чавушогли порача дека неговата земја е подготвена да даде секаква помош во ослободувањето на градот Џараблус во северна Сирија кој е под контрола на џихадистите.

dobivaj vesti na viber

Каркамиш се наоѓа на самата граница со Сирија, и точно наспротив сирискиот град Џараблус, кој е во рацете на Исламската држава. Во Каркамиш, во покраината Газинатеп, во вторникот паднаа најмалку две минофрлачки гранати, на што турската војска возврати со артилериски оган. Една од гранатите паднала на плоштадот непосредно пред зградата на градскиот совет, но нема настрадани. По наредбата за евакуација на Каркамиш испратени се автобуси за да ги превезат луѓето кои се без сопствени возила.

Џараблус се наоѓа на околу 30 километри од Манбиџ кој е во рацете на курдско-арапската коалиција предводена од курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), кои имаат логистичка и стратешка поддршка на теренот од американските воени експерти и специјалци. Курдската милиција YPG, којашто е главнината на Сириските демократски сили (SDF), курдско-арапска коалиција, брзо напредува кон Џараблус следејќи го отстапувањето на групите на Исламската држава. Курдите имаат намера да отворат преку Џараблус коридор од Кобани кон нивниот друг изолиран кантон Африн во северозападниот дел од покраината Алепо, каде што живеат околу 1,5 милиони луѓе.

Турција има намера да го спречи заземањето на Џараблус од страна на Курдите, град на западниот брег на реката Еуфрат и ги поддржува единиците на сунитската сириска вооружена опозиција кои се подготвуваат за офанзива против Исламската држава во оваа област. Затоа изминатите денови покрај позициите на Исламската држава, ги гранатираше и курдските сили кај Манбиџ.

Турција, покрај справувањето со курдскиот бунт на својата територија, е загрижена и за обидите на сириските Курди да се пробијат западно од нејзината граница. За да ги попречи тоа, Турција им дозволи на сириските сунитски бунтовници кои се обединети како Слободна сириска армија (FSA) да се групираат на нејзината територија пред да го нападнат Џараблус кој од другата страна го контролира Исламската држава.

Стотици сириски бунтовници извесен период се подготвуваат со поддршка на Анкара од турската страна на границата за офанзива со којашто во следните денови би го заземале Џараблус.

Турција е подготвена да ја обезбеди сета неопходна помош во операцијата за ослободување на Џараблус од милитантите на Исламската држава, порача во вторникот вечерта министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Како што пренесе електронското издание на весникот Daily Sabah, на заедничката прес-конференција во Анкара со унгарскиот шеф на дипломатијата Петр Сијарто, Чавушоглу изјавил дека Турција не сака Исламската држава да дејствува во Ирак и во Сирија, како и дека ќе го даде неопходниот придонес за да се исчистат соседните земји од терористите.

„Во моментов ние ги обезбедуваме сите видови логистичка поддршка за земјите од коалицијата (предводена од САД –з.р.) и активно учествуваме до борбата против Исламската држава. Уништиме повеќе од 650 терористи на Исламската држава во логорот Башика (во северен Ирак – з.р.), со поддршка на артилеријата“, прецизирал Чавушоглу.

Во извештајот на весникот се наведува дека се очекува офанзивата врз Џараблус да започне во најскоро време.

Чавушоглу, притоа, истакнал дека во среда нема да се одржи трилатералниот состанок со учество на челниот на курдската автономија во северен Ирак, Масуд Барзани, кој пристигна во Анкара во вторникот, и потпретседателот на САД, Џозеф Бајден кој во турската престолнина ќе допатува во среда./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија3 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија3 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ6 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија7 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет8 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет9 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет9 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион9 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет10 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија20 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија21 час

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија22 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија24 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...