Вести
Турција ѝ го откажа на Кина големиот договор за ракетни системи
Турција го откажа големиот договор во износ од 3 милијарди евра кој пред две години ѝ беше доделен на кина, за да ја опреми турската армија со проектили „земја-воздух“, а беше предвидено и заедничко производство, на што се спротиставуваше Вашингтон.
„Владата неодамна ја донесе таквата одлука“, изјавил неименуван извор од турската влада за агенцијата AFP.Договорот склучен во 2013 година на големо изненадување, особено на западните сојузници на Турција од НАТО, ја доби компанијата „China Precision Machinery Export-Import Corporation“ (CPMIEC), што предизвика жестоки реакции на САД.Турција решила да го поништи договорот, наводно поради оглушувањето на кинеската страна да ја усогласи својата технологија во текот на повеќемесечните преговори, објави турската телевизија CNN-Turk. Сега Анкара планира да „произведува сопствени ракети, со поддршка на светски признат систем во вооружувањето“, се наведува во прилогот на телевизијата.По доделувањето на зделката за набавка на ракетен систем на Кина во 2013 година и загрижените предупредувачки реакции на САД и на НАТО, Турција тогаш објави дека за тоа е во преговори со Франција, чијашто понуда била полоша од кинеската, но владата откри дека немало нови понуди од западните земји.Системот требаше да биде интегрирани во одбранбениот комплекс на Турција и да се користи без интегрирање во НАТО.Тендерот за набавка на противвоздушен ракетен систем со долг дострел, инаку Турција го објави уште во 2009 година, а во септември 2013 година беше објавено дека најдобра понуда дала кинеската компанија CPMIEC, која ги победи американските, европските и руските конкуренти.САД тогаш изразија загриженост од тоа што Турција како членка на НАТО се одлучила да соработува со кинеската компанија „China Precision Machinery Import & Export Corp“ (CPMIEC), компанија којашто е под американски санкции поради прекршување на договорот за неширење оружје, односно воена соработка со Иран, Северна Кореја и со Сирија.Притисокот од НАТО врз Анкара предизвика резултатот од оваа понуда за јавна набавка да биде поништен. Меѓу другите, овој тендер претендираа да го добијат американската компанија „Raytheon & Lockheed Martin“ и европскиот концерн „Eurosam“. Експертите сметаат дека со овој потег Турција сакаше да обезбеди самостојна заштита во регионот, од опасностите кои за неа потенцијално ги претставуваат немирниот Ирак и Курдите кои таму добија автономија а може да се случи тоа да го сторат и во соседна Сирија кои би соработувале со турските Курди кои сакаат отцепување, потоа секогаш непријателски расположената Сирија, како и Иран, кој и покрај некои приближување се уште нема воспоставено потопли односи со Анкара.Се смета, исто така, дека со самото тоа што Турција ќе соработуваше со Кина, тоа ќе значи и дека ќе биде насочена на соработка и со Русија, имајќи предвид дека најавениот кинески систем за противракетна одбрана се темели на застарена руска технологија, и за негово модернизирање Анкара ќе треба да ѝ се обрати директно на Москва./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.