Вести
Турција ја потврди воената операција во Сирија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу го потврди во неделата завршувањето на евакуацијата на турскиот воен гарнизон од соседна Сирија, кој беше задолжен за обезбедување на гробницата на Сулејман Шах и тамошниот комплекс.
Претходно беше објавено дека голем број тенкови и други видови оклопни борбени возила од Турција навлегоа на територијата на Сирија во областа на градот Кобани (Ајин ал-Араб, на арапски) , третиот по големина курдски град на сириска територија на само еден километар од турската граница кој беше четири месеци под опсада на џихадистите од Исламската држава, и се упатиле кон во насока на гробницата на Сулејман Шах, којашто последните 11 месеци ја контролираат борците на споменатата радикална сунитска група, а се наоѓа на 30 километри од границата.
Гробницата на Сулејман Шах, дедото на Осман Први, основачот на Отоманското царство, се смета за турска територија од потпишувањето на договорот меѓу Франција, којашто тогаш ја заземаше таа територија, и Турција од 1921 година. Гробот на Сулејман Шах, се наоѓа во близина на тврдината Џабер во близина на сириската метропола Алепо, во која до пред граѓанската војна започната во март 2011 година мнозинство од населението го сочинуваа алавитите (шиитите) и христијаните. Според договорот од 1921 година, гробницата е прогласена за турска енклава во Сирија и е постојано заштитувана од турската армија.
„Нашата армија ја заврши евакуацијата на нашите светии и турските војници кои ги чуваа“, изјави премиерот Давутогли упатувајќи честитки за нејзиното успешно извршување до сите учесници, пренесуваат турските медиуми.
Премиерот, исто така, соопшти дека силите на антиџихадистичката коалиција предводена од САД биле информирани за почетокот на воената операција во Сирија, истакнувајќи дека Анкара не побарала дозвола или помош, забележува Reuters.
Уште од ланскиот октомври турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган неколкупати се закани со одмазда доколку џихадистите од Исламската држава ја сквернават гробницата на еден од втемелувачите на османлиската династија во Сирија, којашто е под суверенитет на Анкара.
Турција веќе подолг период ја држи во зголемена подготвеност војската околу гробницата на Сулејман Шах поради опасност од напади на исламистите. Минатата есен имаше информации дека џихадистите од Исламската држава заробиле дваесетина турски војници, меѓутоа стануваше збор за нивно држење во опкружување.
Генералштабот на турските вооружени сили им дозволи на своите војници кои се стационирани за безбедноста на овој историски локалитет, 25 километри во сириската територија, да отворат оган доколку бидат нападнати од Исламската држава./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.