Контакт

Вести

Турција на својата граница ќе размести американски ракетни системи

Објавено пред

Турција постигнала договор со САД дека во текот на мај на својата граница со Сирија ќе размести американски системи за лансирање ракети за да се осуетат сé почестите и жестоки напад од страна на џихадистите на Исламската држава, изјави во вторникот турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу за весникот Haberturk.

dobivaj vesti na viber

Според извори од турската влада, од почетокот на годинава врз пограничниот град Килис од сириската територија која е под контрола на Исламската држава истрелани се четириесетина ракети, при што загинале најмалку 17 цивили, од кои десет Турци и седум бегалци Сиријци кои во Килис се помногубројни отколку локалното население. Во овие напади е ранет уште 61 цивил.

Во вторникот турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека советот на министрите одлучил значително да го зајакне присуството на турските воени сили во спомената област, и вети дека тие ќе возвратат на секој напад, како што и беше дејствувано во претходните случаи.

„Веднаш ќе одговориме на нападите и ќе ги преземеме сите неопходни мерки“, изјави Давутоглу во парламентот. Во близина на Килис ќе бидат распоредени дополнителни беспилотни летала за да се спречат нови напади, додаде.

Артилериско-ракетните батерии од типот HIMARS можат да бидат разместени на разни локации благодарејќи на нивната мобилност. Се сметаат за многу ефикасно вооружување, бидејќи имаат дострел од 90 километри во однос на турската артилерија која има дострел од 40 километри. Турската артилерија јавува дека редовно ги бомбардира позициите на џихадистите секогаш по нивен напад врз турски цели.

Шефот на турската дипломатија се надева дека разговорите меѓу американските сојузници за воспоставување на „сигурносна зона“ на северот од Турција, меѓу Манби и Јарблус ќе резултира со конкретни одлуки. „Нашата цел е да се исчисти тој дел долг 98 километри кој е под контрола на Исламската држава“, појасни Чавушоглу.

Турција се зазема за воспоставување на таква зона на територијата на Сирија, како и за зона на забранети летови како во случајот на Либија, уште од почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година, но САД се резервирани во тој поглед, особено откако во конфликтот лани се вмеша и руското воено воздухопловство./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа. Од...

Регион34 минути

(Видео) Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, три се деца, сите се во тешка состојба

Осум од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се во тешка состојба во Софија во болницата „Пирогов“. Од...

Регион58 минути

(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес. Тие беа пренесени...

Регион1 час

Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA...

Македонија9 часа

Пациентите кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството...

Македонија9 часа

Обвинителството поведува постапка за проверка на 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе...

Македонија11 часа

Дискотеката во Кочани имала само два противпожарни апарати, немала хидрантска мрежа, имала само една импровизирана врата и таа била затворена: Обвинителството регистрирало бројни неправилности

Вечерва државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, обзнани дека по извршениот увид во дискотеката во Кочани, биле забележани многу неправилности. Тој...

Македонија12 часа

Ексминистерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош....

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски не дава оставка: Прво ќе ги поразам сите овие кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, а потоа ќе излеземе на избори

Премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција кажа дека дискотеката имала фалсификувана лиценца издадена на 13 март 2024 година, потпишана од...

Македонија14 часа

Животите на млади луѓе за миг згаснаа заради самоволие, импровизација и манипулација, ниту еден одговорен не смее да избегне казна, порача претседателката Сиљановска-Давкова

Со солзи во очите и растреперен глас вечерва на македонските граѓани се обрати претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за пожарот во Кочани...

Македонија15 часа

„Голем човек, големо срце, голема загуба“, „Секогаш ќе те памтам по твојата насмевка и блесава смисла за хумор“, колегите се простуваат од Андреј „ДНК“

Колегите на Андреј од „ДНК“ со емотивни пораки се простуваат од музичарот. „Голем човек, големо срце, голема загуба. Почивај во...

Македонија15 часа

Владата на вонредна седница донесе неколку одлуки: седумдневна жалост во цела држава, строги контроли во угостителските објекти

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица...

Македонија16 часа

Тошковски: Дискотеката во Кочани немала легална лиценца за работа, починати се тројца малолетници

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти нови детали во врска со пожарот во кочанската дискотека. Toшковски рече дека осомничени...

Македонија16 часа

Со авиони се транспортираат најтешко повредените од пожарот во Кочани во земјите од соседството

Министерството за здравство информира дека во моментот се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот во дискотеката во Кочани....

Македонија17 часа

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Сара Пројковска придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани. „Со длабока жалост и неверица ве...

Македонија17 часа

Почина Андреј од ДНК

Андреј Ѓоргиески, еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. „Голем човек, големо срце,...

Македонија17 часа

Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари

Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на...

Македонија18 часа

Повеќето од починатите, загинале во стампедото во дискотеката, кажа директорка на општата болница во Кочани

Кристина Серафимова директорка на општата болница во Кочани изјави дека првиот повик бил во 2 часот и 48 минути на...

Македонија18 часа

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, Струмица загуби талентиран музичар“, напиша Костадинов

„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си...

Македонија19 часа

Двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца може да завршат на респиратор во „Св. Наум Охридски“, некои се со 60 отсто изгореници

Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се...