Вести
Турција негира дека ги јакне операциите во Ирак, Багдад протестира
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/turcija20tenk20irak.jpg)
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу негираше во саботата дека распоредувањето на турските војници во околината на ирачкиот град Мосул е вовед во копнена воена операција во Ирак, а официјален Багдад и натаму протестира со барање Анкара веднаш да ги повлече своите сили од ирачка територија, нарекувајќи го нивното присуство „инвазија“ и нарушување на неговиот суверенитет и интегритет.
„Кампот Бешика, 30 километри северно од Мосул, е камп воспоставен како поддршка за доброволците коишто се борат против терористите“, изјави премиерот Ахмет Давутоглу за турските телевизии.
Истовремено агенцијата Reuters пренесе дека во министерството за надворешни работи на Ирак во саботата бил повикан турскиот амбасадор во Багдад, кому му бил изразен официјалниот протест против распоредувањето на турски единици на ирачка територија, без повик или согласност на ирачката влада.
Според турската државна агенција Anadolu, „околу 150 турски војници, со поддршка на 20 до 25 тенкови“, пристигнаа во петокот во околината на Мосул „во рамки на мисија за обука“ во близина на вториот голем град во Ирак, со околу милион жители, кој е под контрола на екстремната сунитска организација Исламска држава.
Според ирачките власти, во северната покраина Нинева „под изговор за подготовка“ на борците на локалните милиции, во случајов на ирачките Курди познати како „пешмерги“, навлегол тенковски баталјон. Ирачката дипломатија бара турските војници да се повлечат од територијата на Ирак, истакнувајќи дека нивното присуство претставува „непријателски чин“.
Се огласи и ирачкиот претседател Фуад Масум кој ги повика турските власти „да го избегнат влошувањето на односите“ меѓу двете соседни земји и ги повика „да не ја повторуваат грешката“.
Масум, исто така, ги нарече активностите на турската војска на ирачка територија „нарушување на меѓународното право и законите“, како и на суверенитетот на Ирак.
„Ги повикуваме надлежните власти во Турција да ги повлечат своите вооружени сили од територијата на Ирак и предупредуваме за неприфатливоста на повторувањето на ваквите инциденти, кои водат кон влошување на односите меѓу двете соседни земји и зголемување на напнатоста во регионот“, се вели во изјавата на ирачкиот претседател Масум, цитира AFP.
Агенцијата Anadolu наведува дека турските војници наводно биле присутни изминатите две ипол години во северен Ирак, во рамките на договор за соработка со курдските локални власти во автономниот регион ирачки Курдистан.
Меѓутоа, во истиот регион се наоѓаат и базите на во Турција забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), против која од летото 2015 година турските безбедносни сили спроведуваат операции, откако пропадна примирјето од пред две години по преговорите за постигнување мир по трите децении конфликти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.