Контакт

Вести

Убиецот од Чарлстон уште е на слобода, објавена негова фотографија

Објавено пред

Непознатиот белец кој уби девет во црквата на афроамериканската заедница во Чарлстон, во американската сојузна држава Јужна Каролина, сé уште е на слобода, јавуваат американските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Црквата во Чарлстон е едена од најголемите и најстарите афроамерикански конгрегации на американска територија. Корените ѝ потекнуваа од почетокот на XIX век, а меѓу нејзините основачи биле ослободените црни робови донесени од Африка. Американските расисти еднаш ја имаат запалено, во XIX век.

Полицијата во Чарлстон објави во меѓувреме фотографии на осомничениот за пукањето во Африканската методистичко епископална црква. На нив е покажан млад човек на возраст меѓу 20 и 25 години, како и дел од неговиот автомобил. Полицијата не успеала да ја утврди марката на возилото од кадрите со коишто располага.

„Ова е многу опасен човек… Ќе се обидеме да го идентификуваме и да го уапсиме, пред да повреди некого друг“, изјави полицискиот началник Грегори Мален, пренесе Associated Press.

Американската полиција и Федералното биро за истраги (FBI) се во потрага по напаѓачот, кои се сема за извонредно опасен, а неговиот напад засега се карактеризира како злосторство од омраза. Осомничениот за нападот, наводно е белец на 21, кој влегол за време на службата во црквата во Чарлстон и отворил оган при што убиле девет луѓе.

Градоначалникот Џозеф Рајли, потврди дека засега трагедијата се третира како злосторство од омраза. „Единствена причина поради којашто некој би можел да влезе во црква и така гнасно да убива

Напаѓачот влегол во историската Африканска методистичка црква за време на заедничката молитва и на место уби осум лица, додека деветтата жртва починала во болница. Меѓу жртвите, според американските медиуми, е и пасторот 41-годишниот Клемента Пинкни, сенатор на Демократската партија.

Полицијата се уште ги нема објавено податоците за жртвите, ниту колку луѓе имало во црквата во време на нападот.

Началникот на локалната полиција, Грегори Мален, веднаш по нападот изјави дека станува збор за злосторство од омраза. „Незамисливо е во денешното општество некој влезе во црква кога луѓето се молат и да им ги одземе животите“, рече.

Џеб Буш, кој претходно седмицава ја објави својата кандидатура во Републиканската партија за номинација за претседателските избори во 2016 година, „поради трагичните настани“ ја откажа посетата на Чарлстон. Неговата потенцијална противкандидатка од Демократската партија, Хилари Клинтон, беше во Јужна Каролина во средата, но оваа сојузна држава ја напуштила пред да се случи нападот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Обвинение против 59-годишник за полов напад врз дете: го допирал малолетникот во парк во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе обвинение против 59-годишник кој се товари за полов напад врз малолетник,...

Свет2 часа

Фридрих Мерц не ја доби поддршката за нов канцелар на Германија

Конзарвативниот германски лидер на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди потребното мнозинство во Бундестагот за да...

Регион2 часа

Украл автомобил со мало девојче внатре: драма на бензинска пумпа во Србија

Полицијата во Обреновац од синоќа бара „Пунто“ кое еден маж го украл од бензинска пумпа, забрзал и избегал, објави „Телеграф.рс“....

Свет2 часа

Министерка на Трамп до Харвард: Нема потреба повеќе да барате владини пари, нема да ги добиете

Министерството за образование на САД во понеделник го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари наменети за идни истражувачки...

Македонија3 часа

Тошковски склучил скандалозен тендер од 500.000 евра со фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција, обвини Левица

На 25 март, министерството на Панче Тошковски склучило скандалозен тендер во вредност од 575.000 евра со компанијата „Дон Холдинг”, фирма...

Свет4 часа

(Видео) Москва нападната со дронови, затворени сите аеродроми

Русија соопшти дека Украина синоќа извршила напад со беспилотни летала насочени кон Москва. Сите четири главни аеродроми во Москва беа...

Македонија15 часа

На многумина ќе им бидеме пречка, но како премиер нема да отстапам од правото да говориме на македонски, јазикот е нашиот неспорен идентитет, вели Мицкоски

Пред осумдесет години, на оваа почва, се кодифицираше македонскиот литературен јазик. Тоа беше повеќе од административен чин. Тоа беше признавање...

Македонија21 час

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија24 часа

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија24 часа

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ1 ден

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија1 ден

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија1 ден

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија1 ден

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...

Европа1 ден

Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на...

Европа1 ден

(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озгур Озел, кој ја...

Свет1 ден

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на...

Регион1 ден

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по...

Македонија1 ден

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот...

Македонија2 дена

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...