Вести
Убиецот од киното во Колорадо осуден на доживотен затвор

Џејмс Холмс, кој во кино во Колорадо пред три години уби 12 и рани 70 луѓе, е осуден на доживотна затворска казна.
Дванаесетчлената порота не можеше да донесе едногласна одлука по секоја точка од обвинението за убиство, заради што Холмс избегна смртна казна.
Холмс во 2012 година, маскиран како ликот на Џокер од филмот „Бетмен“, на премиерата на филмот за овој суперхерој во кино во предградие на Денвер отвори оган врз публиката и усмрти 12 луѓе.
Истата порота претходно ги отфрли тврдењата се непресметливост на Холмс, на што беше заснована одбраната, сметајќи дека бил способен да разликува добро од лошо во моментот на нападот и дека суровоста на неговото злосторство ја надминува неговата ментална болест.
Заради тоа одлуката на поротата за доживотен затвор, а не смртна казна, беше изненадување за преживеаните жртви на злосторството, но и за неговата мајка.
Еден од поротниците изјави за новинарите пред судот дека еден поротник се противел на смртната казна и дека двајца се премислувале, а дека клучна причина било менталното здравје на Холмс.
Холмс, кој е на антипсихотични лекови, не покажа никаква реакција за време на читањето на пресудата.
Обвинителите бараа смртна казна бидејќи Холмс методично го планирал нападот и слушал гласна техно музика на слушалки за да не го слушне врискањето на жртвите.
Одбраната тврдеше дека Холмс боледувал од шизофренија која довела до нервен слом и дека силните халуцинации го натерале да го изврши злосторството.
Холмс за време на судењето при психијатриската проценка призна дека бил опседнат со мислите за убивање уште кога имал 10 години.
Запишал студии по неврологија надевајќи се дека ќе разбере што се случува во негоата глава, но кога се преселил во Колорадо за да го продолжи школувањето, неговата ситуација се влошила. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.