Контакт

Вести

УНИЦЕФ: Алармантни размери на насилство врз децата во светот

Објавено пред

Приближно 120 милиони девојки помлади од 20 години во светски рамки (приближно една од 10) биле подложени на присилен полов однос или други присилни полови дејства, а една петтина од жртвите на убиства на глобално ниво се деца и адолесценти помлади од 20 години, покажува извештајот на УНИЦЕФ „Скриено пред очи“(Hidden in Plain Sight).

dobivaj vesti na viber

Најголемата досега изработена збирка на податоци од 190 земји за насилството врз децата на УНИЦЕФ  покажува запрепастувачки  димензии на физичкото, половото и емоционалното малтретирање, велат од организацијата. 

„Ова се непријатни факти, ниту една влада или родител нема да сака да ги види. Но, ако не се соочиме со реалноста претставена во секој од овие вознемирувачки статистички податоци  нема никогаш да го смениме ставот дека насилството врз децата е нешто вообичаено и дозволиво. Не е ниту едното ниту другото“, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ, Ентони Лејк. 

Во извештајот „Скриено пред очи” се укажува на фактот дека само 39 земји во светот забрануваат телесно казнување во сите услови, вклучително и во домот.  Меѓу тие земји е и Македонија. Извештајот, исто така, нагласува дека процентот на возрасни лица што сметаат дека физичко казнување е неопходно за соодветно да се воспитаат децата се движи од ниски три проценти во Ерменија и во нашата земја до високи 82 проценти во Свазиленд.  И покрај напредните сфаќања на родителите во однос на насилни методи за дисциплинирање на децата, во земјава дури 69 проценти од децата на возраст од две до 14 години се подложувани на физичко и психолошко казнување дома, се вели во извештајот.

 

Ова се некои од позначајните наоди од истражувањето:

 

Приближно 120 милиони девојки помлади од 20 години во светски рамки (приближно една од 10) биле подложени на присилен полов однос или други присилни полови дејства, и еден од три адолесцентни девојки на возраст од 15 до 19 години што некогаш биле во брак (84 милиони) биле жртви на емоционално, физичко или полово насилство извршено од нивните сопрузи или партнери. Застапеноста на насилство од страна на партнери е 70 проценти или повеќе во Демократска Република Конго и Екваторијална Гвинеја, а се доближува или надминува 50 проценти во Уганда, Обединета Република Танзанија и Зимбабве. Во Швајцарија, во анкета спроведена во целата земја во 2009 година со девојки и момчиња на возраст од 15 до 17 години утврдено е дека 22 проценти од девојките и 8 проценти од момчињата доживеале најмалку еден инцидент на полово насилство со физички контакт. Најчестата форма на полово насилство за двата пола е виктимизација преку електронски комуникациски мрежи. 

Една петтина од жртвите на убиства на глобално ниво се деца и адолесценти помлади од 20 години, што претставува приближно 95.000 смртни случаи во 2012 година. Убиствата се најчестата причина за смрт кај машки лица на возраст од 10 до 19 години во Панама, Венецуела, Ел Салвадор, Тринидад и Тобаго, Бразил, Гватемала и Колумбија. Нигерија е земјата со најголем број на убиства на деца – 13.000. Од земјите од Западна Европа и Северна Америка, највисока стапка на убиства е забележана во Соединетите Американски Држави. 

Малку повеќе од еден од тројца ученици на возраст од 13 до 15 години во светот се постојано подложени на силеџиство во училиштата; во Самоа, уделот е речиси три од четири. Речиси една третина од учениците на возраст од 11 до 15 години во Европа и Северна Америка изјавиле дека силеџиски се однесувале кон други  – во Летонија и Романија речиси 6 од 10 признале дека силеџиски се однесувале кон други. 

Приближно 17 проценти од децата во 58 земји се подложени на тешки форми на телесно казнување (удари по главата, ушите или лицето, или силно и постојано удирање). Над 40 проценти од децата на возраст од две до 14 години поднесуваат остро физичко казнување во Чад, Египет и Јемен. Во светски рамки, три од 10 возрасни лица сметаат дека физичкото казнување е потребно за добро да се воспитаат децата. Во Свазиленд, 82 проценти изјавуваат дека физичкото казнување е неопходно. 

 Приближно една половина од сите адолесцентни девојки на возраст од 15 до 19 години (околу 126 милиони) сметаат дека сопругот има оправдана причина да ја удира својата сопруга во одредени околности. Тој процент се зголемува на 80 проценти или повеќе во Авганистан, Гвинеја, Јордан, Мали и Источен Тимор. Во 28 од 60 земји за кои има податоци за двата пола, поголем процент на девојки отколку момчиња сметаат дека тепање на сопругата е понекогаш оправдано. Во Камбоџа, Монголија, Пакистан, Руанда и Сенегал, девојките со двапати повисок процент отколку момчињата сметаат дека сопругот понекогаш има право да ја тепа својата сопруга. Податоци од 30 земји укажуваат дека приближно седум од 10 девојки на возраст 15-19 години коишто биле жртви на физичко и/или полово малтретирање никогаш не побарале помош : многу од нив изјавиле дека не мислеле дека се работи за малтретирање или не го сметале за проблем.  

 Извештајот на УНИЦЕФ „Скриено пред очи” (Hidden in Plain Sight) опфаќа податоци од 190 земји. Авторите укажуваат дека податоците се добиени само од поединци што доброволно изразиле способност и подготвеност да дадат одговори на прашањата, што значи дека претставуваат минимални проценки. 

УНИЦЕФ укажува на шест стратегии со кои ќе се овозможи општеството во целина, од семејствата до владите, да го спречи и намали насилството врз децата: поддршка за родителите и всадување на животни вештини кај децата; менување на ставовите и сфаќањата; зајакнување на правосудните, кривичните и социјалните системи и служби; собирање на докази и создавање на свест за насилството и неговата човечка и социоекономска цена, со цел да се сменат сфаќањата и нормите.крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

(Видео) Читач на усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет35 минути

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет41 минута

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет2 часа

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет2 часа

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет2 часа

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...

Македонија15 часа

(Видео) „Ги чекаме децата да се појават и да кажат ‘Каде си ма мајче?’“ – мајките на загинатите во „Пулс“ дојдоа на судењето, лути се на бранителите на обвинетите

Со гнев, тага и болка почна судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде животите ги загубија 63 млади луѓе....

Македонија17 часа

Пропустите кај овој човек се шокантни, со докази ќе покажеме што сѐ бил спремен да направи за профит, рече обвинителот за сопственикот на дискотеката

По повеќе од четири часа евиденција на сите присутни, попладнево почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ со 63...

Македонија19 часа

(Фото) Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња

Пожарникарите спасија лица заглавени во автомобил по излевањето на Пчиња кај бањата „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане. „На 19.11.2025 година,...

Македонија19 часа

(Видео) Со која свест и со кое лице адвокатите на обвинетите за пожарот во „Пулс“ ќе се ситат и ќе земаат крвави пари, прашува таткото на загинатиот Андреј Стојанов

„Јас сум родител на едно од трагично убиените деца“, изјави таткото на Андреј Стојанов, едно од загинатите момчиња во пожарот...

Топ21 час

Кривична против инвеститорот и четири лица од Општина Струга: со несовесно извршување на службената должност придонеле да биде оштетена спомен-куќата музеј „Владо Малески“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н. К. (53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено...

Македонија21 час

(Фото) Општината ќе го исчисти просторот кај поранешен „Мекдоналд“ во Аеродром и ќе им прати фактура на сопствениците

Општина Аеродром почна со чистење на запуштениот простор кај поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром. „Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат...

Македонија22 часа

(Фото) Дали ќе трае пет месеци или пет години – никој не може да каже, рече судијката Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за „Пулс”

Со посебна почит кон болката на семејствата на загинатите, судијката Диана Груевска-Илиевска на почетокот на судењето за пожарот во кочанската...

Економија22 часа

Собранието ги изгласа измените на законот, ќе се плаќа ДДВ на пратките од „Тему“ и од „Алиекспрес“

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ...

Македонија23 часа

(Фото) Српски државјанин сакал да изнесе 94.000 евра од Македонија: спречен на Табановце

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден...

Македонија23 часа

(Фото) Почнува судењето за пожарот во „Пулс”: роднините на загинатите молкум го следат пристигнувањето на обвинетите

Под силно полициско обезбедување утрово почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица. Покрај новинарските...

Македонија1 ден

(Фото) Од шахта на булеварот Александар Македонски масивно истекуваше хемиска пена; Ѓорѓиевски: Ќе бидат преземени најстроги санкциски мерки

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои скопјани со право се загрижија, но и за кои ние веќе претходно...

Свет1 ден

Мадуро: САД нè провоцираат, нападот би бил крај на кариерата на Трамп

Претседателот на Венецуела предупреди дека секоја американска воена интервенција во неговата земја би значела „политички крај“ за американскиот претседател Доналд...

Европа1 ден

Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот „Краснодар“

Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија...

Свет1 ден

(Видео) Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно...