Контакт

Вести

УНИЦЕФ: Непридружуваните адолесценти бегалци и мигранти се соочуваат со големи опасности

Објавено пред

Над девет од десет деца бегалци и мигранти кои оваа година пристигнуваат во Европа преку Италија се непридружувани, заради што УНИЦЕФ предупредува на зголемената закана од злоупотреба, експлоатација и смртност со кои тие се соочуваат.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Во извештајот „Опасност на секој чекор по патот“, објавен во вторникот, УНИЦЕФ наведува дека 7,009 непридружувани деца преминаа од Северна Африка во Италија во првите пет месеци од годината, што е двапати повеќе од минатата година. Извештајот ги документира застрашувачките ризици кои адолесцентите ги преземаат во нивниот обид за бегство од конфликти, очај и сиромаштија.

Вкупно 2,809 смртни слуучаи се евидентирани во Медитеранот помеѓу 1-ви јануари и 5-ти јуни 2016, споредено со 3,770 во текот на целата година лани. Поголемиот дел од нив се наоѓале на рутата по централниот Медитеран – и повеќето биле деца. Непридружуваните деца главно се потпираат на лицата кои криумчарат мигранти, честопати според системот„ќе платиш по патот“, заради што се отворени можностите за нивна експлоатација.

„Ако се обидеш да бегаш, ќе пукаат во тебе и ќе умреш.Ако престанеш да работиш, ќе те претепаат. Тоа беше налик на трговијата со робови“, сведочи 16-годишниот Аимамо, говорејќи за фармата во Либија каде тој и неговиот близнак брат работеле два месеци за да им платат на криумчарите. „Еднаш решив да одморам само 5 минути, но еден човек ме претепа со палка. По работата, не заклучувааа внатре”, додава тој.

Некои се сексуално злоупотребени и експлоатирани. Италијанските социјални работници го известуваат УНИЦЕФ дека и момчиња и девојчиња се сексуално злоупотребени и приморани да се бават со проституција додека се во Либија, и дека некои од девојчињата биле бремени кога пристигнале во Италија бидејќи биле силувани.

Меѓутоа, заради нелегалниот карактер на криумчарењето луѓе, не постојат веродостојни податоци кои покажуваат колку од децата мигранти и бегалци умираат, исчезнуваат во присилна работа или проституција, или остануваат притворени.

„Тоа е една премолчена и очајна ситуација – далеку од очите и вон умот. Сепак, десетици илјадници деца секојдневно се соочуваат со опасност и стотици илјадници се поподготвени да ризикуваат сé“, рече Мари Пјер Порие, специјален координатор за бегалци и мигранти во Европа. „Потребно е итно да ги заштитиме овие деца од секаков тип на злоупотреба и експлоатација од страна на оние кои ја искористуваат ситуацијата за да им го украдат сонот”, вели таа.

Со почетокот на летото на Медитеранот, последните податоци за децата на рутата на Централен Медитеран може да бидат врв на сантата лед, според УНИЦЕФ. Моментално, уште 235 илјади мигранти се наоѓаат во Либија, а десетици илјадници од нив се непридружувани деца.

„Секоја земја од каде децата заминуваат, која децата ја преминуваат и каде децата бараат азил, има обврска да воспостави системи за заштита кои се фокусираат на ризиците со кои се соочуваат непридружуваните деца. Во Европската унија и другите земји на дестинација, постои можност за реформа на политиките и законодавството со кои се создаваат поголеми можности за безбедни, законски и редовни канали за тие деца“, рече Порие./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) „Сите идеали не се вредни колку солзите на едно дете“ со насолзени очи советничка во Кочани си поднесе оставка

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кочани, Кристина Атанасова Арсова, денес на седницата за избор на в.д. градоначалник си...

Регион4 часа

Бугарија бара одговор: Три месеци чекаме РСМ да одлучи дали ќе работиме или само ќе разговараме за Коридорот 8

До денес, Коридорот 8 зависи од желбата и политичката волја на Република Северна Македонија. Испративме договор таму за единственото нешто...

Свет5 часа

Медведев до Мерц: „Размисли двапати нацисту“

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, го нарече новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, нацист поради, како што рече,...

Свет7 часа

Русите се огласија по крвавиот напад на Суми: Цел ни беше состанокот на воените команданти

Еден ден по рускиот ракетен напад врз украинскиот град Суми, во кој беа убиени најмалку 34 лица, меѓу кои две...

Македонија8 часа

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија9 часа

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија12 часа

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија12 часа

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...

Европа13 часа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Додека Очите на Европа и на Запад главно се насочени кон војната во Украина, тензиите на Западен Балкан растат се...

Македонија13 часа

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите...

Македонија13 часа

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна...

Македонија14 часа

ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат...

Европа14 часа

(Видео) Европа го осуди рускиот ракетен напад врз Суми: „Суровоста повторно удри“

Најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинаа вчераутро во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми, додека други 117...

Свет15 часа

Подметнат пожар во домот на гувернерот на Пенсилванија: полицијата го разбуди и го евакуира

38-годишен маж е уапсен и ќе се соочи со обвинение откако наводно ја запалил официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија...

Топ16 часа

Полицијата го пронајде девојчето, кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска...

Македонија1 ден

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија1 ден

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...

Македонија1 ден

Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на...

Македонија1 ден

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 ден

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за „Пулс“ оти немало ново барање за лиценца

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата оти нема никаков доказ дека сопственикот на клубот „Пулс“ иницирал лиценца...