Контакт

Вести

УНИЦЕФ стравува дека стотици деца се грабнати во Јужен Судан

Објавено пред

Фондацијата на Обединетите нации за децата (УНИЦЕФ) ставува дека стотици деца се грабнати кон средината на февруари во Јужен Судан и првпат за овие случаи на грабнувања ја обвини провладината милиција, се наведува во соопштението од неделата.

dobivaj vesti na viber

Минатата седмица УНИЦЕФ објави дека се грабнати 89 адолесценти во градот Вау Шилук во сојузната држава Горен Нил каде што се наоѓаат суданските нафтоносни полиња, но уште тогаш предупреди дека бројот на грабнатите би можел да биде многу поголем. УНИЦЕФ „сега верува дека се грабнати стотици деца“, се наведува во соопштението кое го пренесува AFP.

Јужен Судан од крајот на 2014 година се наоѓа во граѓанска војна во којашто провладините сили на претседателот Салва Киир се борат со бунтовничките сили кои ги води поранешниот потпретседател Реик Мачар. Од почетокот на војната двете страни беа обвинети за регрутирање на деца борци.

Нападите во коишто, според процените на агенцијата на ОН, се грабнати стотици деца се случиле на 14-ти и 16-ти февраури, а јужносуданската влада за ова грабнување га обвини нигериската исламистичка група Боко Харам, која такви акции изведе во Нигерија. По истрагата, во УНИЦЕФ заклучиле дека грабнувањето го организирала милицијата на воениот челник Џонсон Олони којашто го контролираа тоа подрачје. ОН веќе го обвинуваа Олони за присилно регрутирање на деца во неговите сили.

Од почетокот на граѓанската војна, според процените на светската организација, околу 12.000 деца, главно момчиња, присилно се регрутирани како борци, и оти тоа го правеле и бунтовниците и јужносудснката војска.

Насилството во Јужен Судан изби на 16-ти декември во престолнината Џуба откако претседателот Киир го обвини потпретседателот Мачар за обид за воен удар и брзо се рашири поделувајќи ја државата по припадност на племињата Динка и Нуер. Западните сили и источноафриканските држави во желбата да го спречат хаосот во оваа нестабилна област настојуваат да посредуваат меѓу Киир, кој е припадник на племето Динка, и водачот на бунтовниците Мачар кој е припадник на племето Нуера.

Судирите на ривалските заедници и етнички групи се чести во Јужен Судан, во земјата во кое огромен дел од населението е вооружено. Еден од ваквите најкрвави напади се одигра кон крајот на 2011 година кога повеќе од 600 луѓе беа масакрирани во државата Џонлгаи, по нападот во кој учествуваа околу 6.000 млади припадници на народот Лоу Нуер против народот Мурла.

Во оваа сиромашна земја со површина од 620.000 квадратни километри и околу 11,5 милиони жители од средината на ланскиот декември се води граѓанска војна меѓу приврзаниците на претседателот Салва Киир и неговиот противник кој на крајот од 2013 година беше сменет од функцијата заменик претседател Реик Мачар. Во оваа војна досега се убиени повеќе десетици илјади луѓе а близу милиони се раселени.

И покрај многубројните потпишани прекини на огнот, сé уште во Јужен Судан не е постигнат мир, а Африканската унија којашто се јавува како посредник во судирот на двете страни им даде рок до 5-ти март да ги сопрат конфронтациите. На Јужен Судан му се закануваат и меѓународни санкции, но на тоа се противи Кина, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, која е значително присутна во оваа земја и вложува во јужносуданскиот нафтен сектор./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа28 минути

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет53 минути

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 час

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија2 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија15 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија16 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија16 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија16 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија17 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија17 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија17 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет21 час

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет22 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет24 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет1 ден

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет1 ден

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 ден

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет2 дена

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...