Контакт

Вести

УНИЦЕФ: Во борбите во Газа загинале над 350 деца

Објавено пред

Бројот на децата кои се убиени во палестинската енклава Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива на 8-ми јули изнесува 354, изјави портпаролката на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) во Женева, Нажва Мекки.

dobivaj vesti na viber

„Досега во Појасот Газа се убиени 354 деца, а ранети се околу две илјади“, изјави во неделата портпаролката Мекки истакнувајќи дека станува збор за информација потврдена од УНИЦЕФ според состојбата од 3-ти август утрото. Вкупно, според процените на агенцијата за заштита на децата при светската организација, психолошка помош им е неопходна на 326 илјади палестински деца. Израелската армија во неделата гаѓаше училиште на ОН во центарот на Рафах, јужен приморски град во Газа. Во нападот загинаа најмалку десет луѓе, а околу триесетина беа ранети. Генералниот комесар на Блискоисточната агенција за помош на палестинските бегалци и организациски работи при ОН која управува со училиштата на ОН во Појасот Газа, Пјер Кренбјул изјави дека е шокиран од нападот и ги осуди таквите акти од страна на Израел.„Само неколку дена по гаѓањето на училиштето на ОН во Џебалија, новиот драматичен инцидент предизвика шок… Како е тоа возможно? Уште еден израелски напад во непосредна близина на училиште на ОН во Рафах уби и рани многу, како внатре, така и во близина на објектот. Цивилите не можат да се чувствуваат безбедни никаде“, напиша Кренбјул на Twitter.„Одлучно го осудувам израелскиот напад во Рафах, само четири дена откако цивили беа убиени и ранети во друг објект на ОН во Газа“, истакна комесарот на светската организација.Кренбјул истакнува дека од почетокот на воената операција на Израел против милитантите од палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас) загинале 10 службеници на споменатата агенција на ОН за помош на палестинските бегалци и, како што е убеден, во таквата ситуација „примирјето стана апсолутно и итно неопходно“.Претходно нападот во Рафах го осуди и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, нарекувајќи го „грубо нарушување на меѓународното хуманитарно право“ и истана дека таквите дејствија се „неетички и злосторнички“ за кои „виновниците треба да понесат одговорност“.Според податоците на палестинското министерство за здравство, од 8-ми јули во Појасот Газа загинале 1.746 луѓе, а според овие процени над 400 од жртвите се деца./крај/мф/сн

Извор: Итар-Тасс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија52 минути

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија1 час

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ1 час

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет2 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од...

Европа4 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија4 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија4 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет5 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет6 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет6 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија6 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија17 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија19 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ21 час

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија22 часа

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион1 ден

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет1 ден

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...

Македонија1 ден

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за...