Контакт

Вести

Ураганот Метју однел 572 живота на Хаити

Објавено пред

Ураганот Метју, чии ветришта достигнаа брзина од 195 километри на час, во петок ја погоди централна Флорида, при што едно лице загина.

dobivaj vesti na viber

Ураганот се движи кон северот на Флорида и се заканува со нови уништувања, откако претходно на Хаити усмрти 572 луѓе, покажуваат најновите податоци.Околу 600 илјади домаќинства на Флорида се без струја, а на земјата и се закануваат поплави на подрачјето на Џексонвил.Агенцијата AFP пренесува дека жена стара педесетина години добила срцев удар, но заради невремето не можела да биде пренесена во болница и починала.Метју е првиот голем ураган што во последните 10 години директно им се заканува на САД, па заради него се наредени евакуации на население од крајбрежјето на Флорида, Џорџија, Јужна и Северна Каролина.Американската национална метеоролошка служба процени дека бурата би можела да биде најсилна што ја погодила Флорида во последните 118 години. /крај/мф/ст

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора

Синоќа, беше успешно пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора во координирана акција на АМСМ, МВР и на ЦУК,...

Свет2 часа

Трамп очаен по падот на патничкиот авион во Вашингтон: „Не е добро!“

Американскиот претседател Доналд Трамп е информиран дека патнички авион се урнал во Вашингтон, откако авионот се судрил со воен хеликоптер....

Свет2 часа

(Видео) Што сними „Флајтрадар“ за фаталниот лет за Вашингтон: Авион се урна во заледена река по судир со хеликоптер

Најмалку 18 лица загинаа кога авион на летот АА5342 од Вичита до Вашингтон се судри со воен хеликоптер при слетување...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 18 тела се пронајдени по авионската несреќа во САД

Според извештајот од САД, службите за итни случаи извлекле најмалку 18 тела. Цитирајќи полициски функционер, Си-Би-Ес Њуз додаде дека сè...

Свет3 часа

Поранешен американски сенатор осуден на 11 години затвор за корупција

Поранешниот американски сенатор Боб Менендез (71) е осуден на 11 години федерален затвор под обвинение за мито, изнуда и корупција....

Свет3 часа

(Видео) Патнички авион се урна по судир со воен хеликоптер над Вашингтон, снимен моментот на падот

Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер на американската армија „Блек Хок“ во близина на...

Македонија19 часа

Битолски хирург извршил операција, па побарал 150 евра да се почести, доставена мерка за притвор

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело примање поткуп од член...

Македонија19 часа

Ригорозни контроли за цените во два големи синџир-маркета од денес, инспекторите ќе утврдуваат дали ги изигрувале законите

Во пресрет на најавениот бојкот на маркетите поради лажно намалените цени, премиерот Христијан Мицкоски извести дека од денес се почнати...

Регион22 часа

Падна владата, но не и Вучиќ, кој владее со Србија, вели полскиот премиер

Полскиот премиер Доналд Туск ги негира наводите дека во Србија избувнала вознемирувачка криза, која исто така е опасна за безбедноста...

Македонија22 часа

Кривична против поранешен помошник-министер и против раководител во МВР за незаконски јавни набавки

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ж. Т....

Македонија22 часа

Да му се забрани влез во Македонија на Додик и на други спорни лица од регионот, бара ЛДП

„Со настапот на Свечената академија посветена на празникот Свети Сава, со која се одбележува денот на српската заедница во Македонија...

Македонија22 часа

Над 200 лица лани добивале плата, а не доаѓале на работа во ПИОМ, ревизорите утврдија повеќе нерегуларности

Ревизијата утврди повеќе нерегуларности и кадровски проблеми во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ). Според извештајот на Државниот завод...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните гладни, сега глуми поддршка, вели СДСМ

„Македонија е сведок на уште едно класично понижување на граѓаните! Со месеци цените растеа до небо, граѓаните едвај преживуваа од...

Европа24 часа

(Видео) Украинците погодија рафинерија 800 километри длабоко на руска територија

Нуклеарна централа била меѓу целите на масовниот украински беспилотен напад врз руските нафтени и електроенергетски постројки, објавија руски официјални лица...

Македонија24 часа

Филипче и СДС местеа тендери во четири очи, кои ги затскриваа зад здравствената криза, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче и СДС работеле на штета на јавното здравје на граѓаните. Филипче и СДС работеле надвор од законските процедури. Венко...

Македонија24 часа

(Видео) Прилеп нема мерни станици за да го измерат енормно загадениот воздух, велат од СДСМ Прилеп

„Неспособната и неодговорна локална власт на ДПМНЕ ги труе граѓаните на Прилеп! Со денови наназад, аерозагадувањето во градот е видливо...

Македонија1 ден

Утрово најстудено во Берово

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола, 0 во Струмица и Крива...

Европа1 ден

Путин: Во 2022 година ги повлековме силите од околината на Киев за да избегнеме крвопролевање

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за преговорите со Украинците што се одржаа во пролетта 2022 година, непосредно по почетокот на...

Свет1 ден

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

На Украина и требаат пошироки безбедносни гаранции, а рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од Европа, изјави украинскиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 15 загинати во стампедо на аџилак во Индија

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуски аџилак, во Прајаграџ, северна Индија, во неделата вечерта, објави...