Вести
Уште десет лица и две организации на терористичкиот список на САД

Нусрет Имамовиќ од Горња Мачоа кај Брчко во Босна и Херцеговина и косовскиот Албанец Ливдрим Муџахери се двете лица од регионот на Балканот кои се наоѓаат на списокот од десет поединци и две организации кои се сметаат како терористички кои ги објави американскиот Стејт департмент на 24-ти септември.
„Нусрет Имамовиќ е босански терористички водач кој дејствува во Сирија. Од доаѓањето во Сирија Имамовиќ активно го поддржува насилниот екстремизам и се верува дека сега се бори во редовите на организацијата Џебхат (Фронтот) ан-Нусра“, се наведува во текстот објавен на интернет страницата на американското министерство за надворешни работи.Радикалните исламисти кои делуваат во БиХ се поделиле, па Имамовиќ и неговата вехабитска заедница го поддржуваат Фронтот ан-Нусра, кој се смета за близок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, додека друга чиј најистакнат претставник е Билал Босниќ од Бужими кај Бихаќ, своите приврзаници ги поттикнува да се приклучат или да дадат поддршка за Исламската држава кој одделувајќи се од Ал Каеда сака да го преземе приматот во исламскиот џихадизам.Покрај Имамовиќ, на списокот терористи кој го објави Стејт департментот е и Лавдрим Муџахери, за кој е наведено дека е Албанец од Косово а за кого курдски извори во август годинава објавија дека, наводно, бил убиен во борбите со курдските милиции во северна Сирија.На списокот на САД уште се и Сириецот Амру ал-Абси за кого е наведено дека е особено задолжен за грабнувањата и Сали Бенгалем, значен како екстремист од Франција, потоа Египќанецот Мохамед Абдел-Халим Хемаида Салех, за кој стои дека е тесно поврзан со Ал Каеда и дека регрутира бомбаши самоубијци, како и Мурад Маргошвили, Чечен најверојатно со грузиски корени кој се наоѓа во Сирија. Натаму, за Сириецот Миганад ал-Наџди се верува дека е стручњак за изработка на импровизираните експлозивни направи какви што се користат во Авганистан и во Сирија, додека Андесамад Фатех е опишан како припадник на огранокот на Ал Каеда кој дејствува во Скандинавија. Абедел Басет Азуз е наведен како еден од клучните оперативци на Ал Каеда кого лично водачот на оваа терористичка организација ги испраќал во Сирија да ги организира тамошните исламистички групи, а Маалим Салман е обележан како личноста задолжена за обука на странците кои се придружуваат на терористичката групација ал-Шабаб којашто е добро организирани и дејствува во Сомалија.На досегашниот список од терористички организации американскиот Стејт департмент додаде уште две. Едната е Џаиш ал-Мухаџирин вал-Ансар (JAMWA), основана монатата 2013 година, чеченска организација чиешто седиште е во Сирија и главно се состои од странци. Втората е Харакат Шам (Левантот – Медитеранот) ал-Ислам (HSI) којашто дејствува од август 2013 година, ја предводат Мароканци, а нејзината база исто така е во Сирија и исто така ја сочинуваат странци.Сите лица и организациите кои ги именуваше Стејт департментот ќе бидат ставени под посебен режим на санкции и проверки, односно замрзнување на имотите и активите кои се поврзани со нив./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.