Контакт

Вести

Усвоен нацрт глобалниот договор за климатските промени

Објавено пред

Високи функционери од 195 земји и региони во светот го прифатија во саботата на конференцијата на Обединетите нации за климата, нацртот од глобалниот договор за справување со климатските промени како основен документ за министрите за заштита на природната средина, кои следната седмица ќе се обидат да ги разрешат стотиците спорни точки.

dobivaj vesti na viber

„Овој текст ја одразува волјата на сите за постигнување на договорот. Не сме на крајот од патот, главните политички прашања допрва треба да се разрешат и за тоа ќе ни биде потребна сета наша енергија, разумот, способноста да погледнеме далеку напред и волја за компромиси“, изјави француската претставничка за прашањата на климата Лоренс Тубиана, пренесе AFP.

Документот кој е прифатен по една седмица дискусии меѓу преговарачите има 48 страници и обилува со повеќекратни опции , со коишто ќе се занимаваат министрите до следниот петок за да го договорат конечниот глобално обврзувачки договор, оценува Reuters.

Во усвоениот нацрт договор се изнесени многу опции, од долгорочните цело за воспоставување на климатските промени предизвикани од гасовите кои го создаваат ефектот на стаклената градина до поголема финансиска потпора за земјите во развој. Многу земји сметаат дека тој текст, резултат на четиригодишните напор откако овој процес започна во 2011 година во Дурбан, има премногу неразјаснети прашања.

„Меѓутоа, како што рече Нелсон Мандела, сé изгледа невозможно додека не се оствари“, коментираше Нозифо Мексакат-Дисеко, јужноафриканскиот претставник кој претседава со групата земји во развој Г77+Кина.

Светските челници на собирот во Париз се обидуваат да ги договорат намалувањата на емисиите на штетните гасови, кои се главни виновници за ефектот на стаклената градина и последично на тоа затоплувањето на планетата со катастрофални последици како што се топењето на ледници, зголемување на нивото на морињата, поплави, суши, загрозување на безбедноста на храната и достапноста до вода за пиење.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун пред самитот ги повика светските челници што поскоро да ја донесат и да почнат да ја спроведуваат акцијата за сопирањето на глобалното загревање на ниво помало до 2 Целзиусови степени во однос на температурата во прединдустрискиот период, што е лимит за кој експертите велата дека поможе да ги спречи најголемите последици. „Париз мора да биде решавачката пресвртница“, порача челникот на светската организација.

Научниците повторно предупредија дека веќе со зголемувањето на глобалната температура за 1 Целзиусов степен, последиците од затоплувањето на планетата и тоа како се чувствуваат: сушите, поплавите, разорните циклони и торнадата, како и исчезнувањето на коралните гребени. Меѓутоа, плус 2 Целзиусови степени особено ќе се одразат на нивото на океаните и нивата зголемена киселост, тврдат научниците и предупредуваат дека тоа за многу островски држави претставува прашање на опстанокот.

Последниот обид да се постигне глобален договор, во данската престолнина во 2009 година, заврши го распад и хаос, кога активистите разочарани тврдеа дека е пропуштена голема можност Копенхаген да остане во сеќавањето како „Надежхаген“./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Поради сериозен дефект, МТВ не емитуваше три дневници: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската Радиотелевизија информира јавноста дека поради сериозен технички проблем вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во...

Македонија34 минути

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија2 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија2 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија2 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет5 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа5 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа5 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет5 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија13 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија16 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија17 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија18 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија19 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија24 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија1 ден

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...