Вести
Вашингтон очекува помош од сојузниците во Авганистан

САД, откако најавија дека ќе задржат повеќе војници во Авганистан по 2016 година отколку што претходно планираа, сега очекуваат поддршка од сојузниците, изјави во четвртокот во Вашингтон шефот на Пентагон, Ештон Картер.
„Очекуваме дека американскиот ангажман ќе ги покрене ангажирањата на другите членки во коалицијата на НАТО во Авганистан. Почнав консултации со нашите главни сојузници за осигурување на продолжувањето на ниваата поддршка на таа мисија во Авганистан“, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер на кусата прес-конференција.
Портпаролот на Пентагон, Питер Кук, е убеден во идната поддршка од сојузниците во военото присуство во Авганистан. „Многу веќе изјавија дека сакаат да го продолжат своето присуство во Авганистан“, рече.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно во четвртокот изјави дека Алијансата следните седмици ќе ги донесе клучните одлуки за иднината на нејзините операции во Авганистан.
Мисијата „Одлучна поддршка“ на НАТО во Авганистан во моментов брои 12.500 војници, од коишто 9.800 се Американци. Македонија во оваа мисија партиципира со 40-ина припадници на АРМ.
Американскиот претседател Барак Обама претходно во четвртокот оцени дека авганистанските сили сé уше не се доволно силни за да можат да ја гарантираат стабилноста на земјата, оправдувајќи ја така својата одлука за задржување на 5.550 американски војници по 2016 година во оваа земја, наместо петпати помалку, како што најави на крајот од 2014 година, кога ја повлече главнината од повеќето десетици илјади војници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.