Контакт

Вести

Ватикан го призна постоењето на меѓународно здружение на егзорцисти

Објавено пред

Ватикан го призна постоењето на меѓународното здружени на егзорцисти давајќи поддршка на практиката која не ја прифаќаат или признаваат сите во Римокатоличката црква, пишува во четвртокот ватиканскиот весник Osservatore Romano.

dobivaj vesti na viber

Весникот пренесува дека ватиканската Конгрегација за клерот на 13-ти јуни го потпишала декретот со кој се одобрува правниот статус на здружението на истерувачите на ѓаволот. Почесто од своите претходници, папата Франциск ја споменува штетната присутност на „демонот“, „ѓаволот“ и „Сотоната“ во светото и потребата против него да се бориме со различни средства. Целта на егзорцизмот, кон што според некои толкувања на Евангелието прибегнувал и самиот Исус Христос, е истерувањето на ѓаволот и силите на злото кои ги обземаат поединецот. Набрзо по изборот на папската должност, актуелниот понтифик се запре меѓу масата на Плоштадот на свети Петар пред еден маж и на него ги положи своите раце, што на познавачите им изгледаше како егзорцизам, Ватикан тогаш ги демантираше таквите написи дека станува збор за егзорцизам, информирајќи дека станувало збор за длабока молитва. Замислата за обединување на егзорцистите во здружение потекнува од отецот Габриел Аморт, позната ватикански егзорцист, а во 1980-година неговата окултна практика провлекуваше многу верници кои западнеле во тешкотии. Италијанското здружение на егзорцистите е основано во 1991 година пишува Osservatore Romano. Денеска меѓународното здружение на егзорцистите брои 250 членови во триесет земји во светот./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Најмалку десет скијачи исчезнаа во лавина во Калифорнија: започната е спасувачка операција

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во услови на обилни снежни...

Европа12 минути

Мечка забележана во близина на Будимпешта

Мечка е видена во близина на Будимпешта веројатно не е од дивината, туку избегала од приватна фарма, објави општината Чомор,...

Македонија1 час

(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино. „Особено...

Македонија8 часа

Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд

Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино,...

Македонија11 часа

Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт

Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење. Кај Цветен пазар вечерва е...

Македонија17 часа

Четворица кандидати во трката за државен јавен обвинител добија позитивно мислење

Обвинителките Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески добија позитивно мислење од Советот за јавни обвинители....

Македонија17 часа

Генерален штрајк во март ако до крајот на февруари не се зголеми минималната плата, ССМ најави блокади и во другите градови

Со тројца повеќе работници од вообичаено, 24 наместо досегашните 21, Сојузот на синдикати на македонија (ССМ) денес ја блокираше Владата,...

Македонија19 часа

Авионот е користен согласно прописите, за секој лет постојат документи, велат од Владата

Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, согласно...

Македонија19 часа

Скијач од Данска повреден во снежна лавина на Попова Шапка

Скијач од Данска е пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и...

Топ19 часа

Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница

Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил. Според информациите на МВР, вчера околу...

Македонија20 часа

(Видео) Левица: Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење

Жителите на Струга 10 дена се оставени без чиста вода за пиење поради сериозната еколошка хаварија со изворот на вода...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата

„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една...

Македонија21 час

Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации Алгеро и Палермо во Италија

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа...

Македонија22 часа

„Сѐ е исто како во времето на Груевски, затоа и постојано одат со владиниот авион во Будимпешта по нови задачи и насоки“, велат од СДСМ

„55 дена нема одговор од Обвинителството за криминалните тендери, молчи и Државната комисија за спречување на корупција. Нема одговори за...

Македонија22 часа

Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово

„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во...

Свет23 часа

Холандски министер: Не треба да го кажувам ова, но американските Ф-35 можат да се хакираат

Холандскиот министер за одбрана, Гијс Туинман, ја изненади јавноста тврдејќи дека софтверската независност за борбениот авион Ф-35 е можна, сугерирајќи...

Свет23 часа

Чешкиот претседател: Наивно е да се очекува брз мир во Украина

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека би било наивно да се очекува брз мировен договор меѓу Украина, Европа, Соединетите Американски...

Свет23 часа

Хилари Клинтон: Трамп го прикрива објавувањето на досиејата на Епстин, Бил и јас ќе сведочиме

Хилари Клинтон ја обвини администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „прикривање“ во ракувањето со документите поврзани со покојниот сексуален престапник...

Европа24 часа

(Видео) Голем украински напад врз Русија: Гори рафинерија, пет аеродроми затворени

Синоќа, украински беспилотни летала нападнаа неколку локации во Русија, вклучувајќи ја и рафинеријата за нафта Илски во Краснодарскиот крај, каде...