Контакт

Вести

Виенските преговори за Сирија без големи резултати, но поставија заедничка основа

Објавено пред

Повеќе од седумчасовната финална седница на дводневната конференција во Виена за надминување на конфликтот во Сирија, не доведе до спектакуларен напредок, но даде основа, искажана во девет точки, дека може да се најде заедничка база за продолжување на преговорите, како што се зачувувањето на унитарната Сирија и нејзините државни институции, уништување на екстремните терористички организации и поддршка на сириските бегалци и земјите кои ги прифаќаат, потоа дека за судбината на својата земја треба да одлучуваат самите Сиријци, власта и опозицијата да формираат преодна влада која ќе го подготви новиот устав и ќе ги спроведе изборите.

dobivaj vesti na viber

Агенциите коментираат дека фактот дека сите инволвирани во процесот се подготвени да ги продолжат преговорите и приближувањето на ставовите, го покажува и тоа што никој од претставниците на 19-те делегации на земји и организации не дозволија позначителни протекувања во јавноста за текот на разговорите.Меѓутоа, кај известувачите останува впечатокот дека учесниците во преговорите во Виена уште не постигнале целосна согласност за тоа дали сегашниот претседател Башар ал-Аад ќе остане на власт, како и под кои условни е можно учеството на надворешните фактори во воените операции во Сирија. Притоа, САД веќе изјавија дека воените напори на разните страни, во прв ред на коалицијата што ја предводат и на Русија, нема да се преклопуваат.Во четвртокот во Виена се одржа новата средба на шефовите на дипломатиите на САД, Русија, Турција и Саудиска Арабија за решавање на сириската криза, а во петокот на „квартетот“ му се приклучија, на руска иницијатива, земјите од регионот кои би можеле да влијаат за нормализирање на состојбите, Египет, Јордан, Иран, Ирак, Катар, Либан, Оман, Обединети Арапски Емирати, како и вонрегионалните фактори ОН, ЕУ, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Кина, или вкупно 19 делегации.Преговарачите дискутираа во „отворена и конструктивна“ атмосфера, и без оглед на некои значајни разлики во ставовите, постигнаа договор по низа точки, преточувајќи ги во завршното коминике. Се согласија, исто така, следните денови да продолжат со работа на преостанатите разлики и да се сретнат повторно за две седмици, се главните оцени за виенската средба во агенциските извештаи.Преговарачите се договорија дека Сирија треба да остане унитарна, независна и секуларна држава, што е првата точка од завршниот документ, дека нејзините државни институции мора да дејствуваат неприкосновено – втората точка, и дека мора да бидат заштитени правата на сите Сиријци, без разлика на нивната етничка или верска припадност. – третата точка.Во четвртата точка од документот се наведува дека сите соговорници се согласни за зголемување на дипломатските напори за ставање крај на вооружениот конфликт, и заедно со ОН да ги проучат можностите за постигнување и спроведување на општосириско примирје паралелно со обновување на политичкиот процес….Откако претходно агенцијата Associated Press, повикувајќи се на извори запознаени со текот на преговорите во Виена објави дека се зборувало за рок од шест месеци за постигнување прекин на огнот во Сирија, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров подоцна за новинарите појасни дека роковите за примирјето биле дискутирани „само во општи црти“ и ќе бидат продолжено нивното разгледување заедно со претставниците на ОН, при што условите за таквото примирје не биле разгледувани, „но тоа нема да се однесува на терористичките групи и борбата со овие терористички групи“.„Знам дека тоа е многу тешко, и денеска ние можевме да се увериме во тоа за време на преговорите. Меѓутоа, верувам дека шансите за дипломатското решение сега се многу повисоки отколку што беа претходно“, оцени американскиот државен секретар Џон Кери.Петтата точка од завршниот документ од разговорите во Виена се однесува на хуманитарната ситуација во Сирија, при што преговарачите се согласиле да ја зголемат помошта за внатрешно раселените лица во самата земја и сириските бегалци, како и за земјите коишто ги прифаќаат, и побараа пристап на хуманитарните организации на целата територија на Сирија.Во рамките на политичкиот процес претставниците на владата и опозицијата во Сирија треба под покровителство на ОН да договорат политичко процес со формирање веродостојна влада, којашто ќе вклучува претставници на сите етнички и религиозни заедници. Тоа треба да биде проследено со носење нов устав и спроведување слободни избори под надзор на ОН, во кои ќе учествуваат сите Сиријци, вклучувајќи ги оние кои живеат во странство, што е седмата точка од коминикето. На тоа се надоврзува осмата точка во која се вели дека „Овој политички процес треба да ги управуваат самите Сиријци, и сирискиот народ да одлучува за судбината на Сирија“.Меѓутоа, прашањето за иднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад останува главната точка во која преговарачите уште не можат да постигнат договор. Некои од нив, како сунитските арапски земји, Турција и нивните западни сојузници сметаат дека тој мора да замине од политичката сцена, додека другите, во прв ред неговиот децениски сојузник Русија, како и шиитски Иран, се убедени дека таквата одлука мора да ја донесат самите Сиријци.„Никогаш не сум зборувал дека Асад мора да си замине, или дека треба да остане. Зборував за тоа дека за судбината на Асад мора да решава сирискиот народ. Како и за сето друго, коешто се однесува на натамошниот развој на сириската држава“, ја појасни Лавров позицијата на Москва.Шефот на руската дипломатија, исто така, укажа на разединетоста на сириската опозиција. „Сé уште не гледаме единствена сириска опозиција. За тоа денеска зборуваме, и (специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија) Стефан де Мистура и неговиот тим, исто така, ќе се занимава со ова прашање“, додаде Лавров.Де Мистура од своја страна ги повикува сите земји коишто имаат влијание врз сириските власти и врз опозицијата, да ги убедат да го започнат дијалогот. „Сметам дека тоа ќе биде многу корисно, особено доколку оние коишто имаат влијание врз владата и опозицијата можат да речат ‘Време е да се седне на преговарачката маса’. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо“, додаде.Една од поважните точки (шестата) од завршниот виенски документ е, секако, прашањето на екстремните сунитски терористички групи, во прв ред организацијата Исламска држава, односно сите оние кои се прогласени за такви со резолуција на Советот за безбедност при ОН или според согласноста на учесниците во разговорите во Виена.Кери изјави дека „на Исламската држава и другите терористички организации, како што сите ние сме убедени, не треба да им се дозволи да се обединат и да ја завладеат Сирија“. „Сакаме да ставиме крај на таквата ситуација и да не дозволиме терористите да ја земат власта во оваа земја… Имаме заеднички непријател, и неопходно е да бидеме сигурни дека непријателот нема да може да ја преземе власта во Сирија, ниту во која и да е друга земја“, се согласи Лавров. Двајцата дипломати се согласни дека тоа е силно изразено во заедничкиот документ, „за цврста и доследна борба против Исламската држава и другите терористички групи“. Притоа Лавров истакна дека по денешниот состанок во Виена, Москва и Вашингтон ќе успеат да усогласат листа со терористичките групи во Сирија, и ќе се усогласат координати според коишто ќе дејствуваат во нивните одделни воени операции во оваа земја. Една од главните точки на оваа средба беше и воените операции кои ги водат Русија, по барање на сирискиот претседател и коалицијата предводена од САД без согласност од Дамаск, за што Лавров рече дека мора да бидат засновани на меѓународното право, односно во согласност со земјата во која тие се извршуваат или со резолуција на Советот за безбедност при ОН. Кери потврди во Виена дека Вашингтон „одлучи да ја интензивира својата воена кампања, како и да преземе дипломатски чекори за решавање на конфликтот“. „Затоа денеска претседателот Барак Обама одлучи да ја прошири операцијата. Одлучивме да испратиме мал контингент во северните региони на Сирија“, за поддршка на ткн „умерена опозиција“, рече американскиот државен секретар. Белата куќа претходно во првите часови од почетокот на состанокот во Виена ненадејно објави дека претседателот Обама донел указ за испраќање во Сирија на 50 специјалци кои нема да учествуваат во борбени операции, туку ќе имаат советодавна улога во борбата против џихадистите. Кери кој претходно изјави дека не е запознаен со указот на Обама, подоцна рече дека таквата одлука не била донесена со намера да се влијае врз текот на преговорите во Виена, туку дека „станува збор за коинциденција“.Неговиот руски колега Лавров рече дека поради доаѓањето на американските специјалци соработката меѓу војниците на двете земји ќе мора да биде уште поголема. Додаде дека разговорите за тоа како да се постигне прекин на огнот во Сирија ќе продолжат, но оти истовремено нема да престане борбата против терористичките групи.„Убеден сум дека САД, како и Русија, се разбира, не сакаат никакво одење во ткн посредна војна, но факт е дека ваквата ситуација ја прави задачата за воен соработка, дури и повеќе од итна, и за мене тоа е очигледно“, рече првиот руски дипломат.Во меѓувреме портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест на редовниот брифинг со новинарите изјави дека активностите на американските специјалци нема да бидат координирани со руската страна. „Не гледам сценарио според кое американските војници би можеле да ги координираат своите дејствија со руските“, рече Ернест но потсети дека претставниците на двете земји одржуваат „малку консултации“ за избегнување на конфликтни ситуации во Сирија.На новинарско прашање како САД би реагирале на евентуален руски удар врз американските специјалци, портпаролот на Белата куќа одговори дека „Тоа е една хипотетична ситуација, бидејќи руските војски не дејствуваат во зоните каде е Исламската држава, додека американските специјалци ќе ги советуваат и помагаат опозициските борци кои се борат против Исламската држава. Значи можноста да дојде до инцидент е на многу ниско ниво“, заклучи.„Доколку биде постигнат договор за следните чекори, тогаш ќе бидат распределени зони на одговорноста за конкретни чекори во однос на терористите“, порача по разговорите во Виена американскиот државен секретар Кери./крај/мф/сн 

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката...

Македонија2 часа

Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош,...

Топ3 часа

Повреден 18-годишник, велосипедист во Чаир испукал кон него неколку куршуми и избегал

Ноќеска ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен 18-годишник повреден од огнено...

Македонија5 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, состојбата во „Дрисла“ е драстично подобрена

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, целата опожарена површина е затрупана со песок и земја. Утрово покажуваше на неколку места...

Македонија5 часа

(Видео) Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски, вели Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден...

Македонија5 часа

За да нема чадење од „Вардариште“, треба да се најде пристоен дом за над 200 луѓе што живеат среде депонијата, а некои од нив потпалуваат, вели Тошковски

Во решавање на проблемот со депонијата „Вардариште“ треба да се вклучат сите институции, да им се најде соодветен дом на...

Македонија6 часа

(Видео) „Дуото Апасиев – Мециновиќ си пикнало во џебот милиони од партијата Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари“, вели Манасиевски

„Дуото Апасиев-Мециновиќ си пикнало во џеб милиони од Левица, а на поддржувачите им велат донирајте ни пари. Глумците Апасиев и...

Македонија6 часа

(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го...

Македонија7 часа

(Видео) Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци“: секој ден без акција значи уште еден ден вдишување отрови

Граѓаните, утрово, од 7.30 часот, еден час ја блокираа крстосницата кај мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. „Овој...

Македонија7 часа

(Видео) Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен...

Македонија8 часа

„Скопје се труе, Изет се крие: од потпретседател на Али Ахмети, заврши како портпарол на Мицкоски“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во...

Македонија9 часа

„Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност“, велат од СДСМ

„Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје....

Топ11 часа

Двајца претепале човек во Паркот на жената борец: починал во болница, Обвинителството бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија22 часа

Побаран притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево

Скопското Обвинителство поведе постапка против четири лица поради сомнение за загрозување на животната средина и природата со отпад, во врска...

Македонија22 часа

Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на...

Македонија1 ден

Онлајн настава една недела во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“...

Македонија1 ден

(Видео) Командантот на пожарникарите раскажа како се гаснел пожарот во Трубарево – на помош добиле хемиска пена, па стигнал и песокот

Скопските пожарникари во изминатите два дена интервенирале со целокупниот капацитет при големиот пожар во магацините за пластичен и електронски отпад...

Македонија1 ден

„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот...

Македонија1 ден

На Клиника задржана жителка на Трубарево, лекарска помош побарале и директорот на ЦУК, војник и полицаец

Во моментот на Клиниката за токсикологија е хоспитализирана една жителка на Трубарево, која живее во непосредна близина на магацинот за...

Македонија1 ден

Анализа на вода, ограничување на ученици и мерење на загадувањето – Министерството за животна средина по пожарот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот...