Контакт

Вести

Во Ерусалим погребани жртвите од парискиот напад

Објавено пред

Четирите еврејски жртви убиени во петокот во супермаркетот на еврејска кошер исхрана во 20-от арондисман на француската престолнина Париз беа погребани во вторникот во Ерусалим, а на обредот кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече враќање на жртвите „во нивниот вистински дом“, присуствуваа илјадници луѓе од Франција и од Израел, а емотивното проштевање мина со засилени безбедносни мерки.

dobivaj vesti na viber

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно во неделата учествуваше во париската поворка на повеќе од 1,5 милиони луѓе во сеќавање на 17-те жртви во тридневните терористички напади, и тогаш изјави дека Евреите од Франција треба и секогаш се добредојдени да се иселат во Израел.

„Денес, повеќе од кога и да е, Израел е вистинскиот дом за сите нас, и колку што не’ има повеќе и колку повеќе сме обединети на нашата земја, посилна ќе биде нашата една и единствена земја, и тоа е надеждта на целиот еврејски народ“, изјави Нетанјаху.

Четирите еврејски жртви кои беа погребани во Ерусалим, се 20-годишниот Јохан Коен, 22-годишниот Јоав Хатаб, син на високиот рабин на Тунис, 45-годишниот Филип Браам и 64-годишниот Франсоа-Мишел Саад.

Израелските медиуми оценуваат дека одлуката на премиерот Нетанјаху да присуствува на погребот е реткост и некои сметаат дека таа има политичка димензија. Во Израел, имено, на 17-ти март се одржуваат предвремените парламентарни избори. На погребот, исто така, зборувал и лидерот на израелската опозиција, Исак Херцог.

Се потсетува дека Нетанјаху не се појави на погребот на четворицата рабини и полицаецот од заедницата на друзите, кои беа убиени од палестински милитанти во нападот на синагогата во Ерусалим. Не присуствуваше, исто така, ниту на погребот на трите деца и наставникот убиени од исламистички терорист во 2012 година пред еврејското училиште во францускиот град Тулуз.

Отворениот повик на премиерот Нетанјаху до француските Евреи да се преселат во Израел предизвика непријатност кај француските челници. Премиерот Мануел Валс брз реагираше дека заедницата од 550 илјади француски Евреи е цврста и сигурна и е интегрален дел од Француската Република. Министерката за енергетика, Сеголен Ројал, изјави дека на жртвите постхумно им е доделено одликувањето Легија на честа, највисокото француско одликување и порача дека „Франција без еврејската заедница не е Франција“.

Во Франција живеат најголемата муслиманска заедница и најголемата еврејска заедница во Европа.

Почнувајќи од 2009 година, речиси по три илјади Евреи годишно емигрираат од Франција во Израел. Се проценува дека од основањето на Државата Израел во 1948 година, досега таму се преселиле повеќе од 100 илјади француски Евреи. Меѓутоа, овој тренд особено зема замав последните години и поради зголемувањето на инцидентите во кои се истакнува нетрпеливоста кон еврејската заедница./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Државата ќе плаќа за кратење желудник на прекумерно дебелите, а операцијата ќе се прави кај нас место во странство

Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе можат да направат операција за намалување на тежината кај нас, а...

Македонија4 часа

„Вреди“: Ахмети е очаен за политичко внимание, зад сценариото за бојкот на локалните избори се крие стравот од пораз

Тоа што ДУИ не се снаоѓаат во опозиција не може да го претворат во државен проблем. Али Ахмети е очаен...

Македонија4 часа

Сиљановска ја штити и релативизира Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон...

Македонија5 часа

Засилени контроли за увозното овошје и зеленчукот за заштита од пестициди, најави АХВ

Заради обезбедување на поголема безбедност на храната и постигнување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, во услови...

Македонија5 часа

(Видео) Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајни незгоди, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Свет5 часа

Американски експерт за надворешна и безбедносна политика: Она што го прават САД, Путин го толкува како бело знаме

Добро е што САД „разговараат со противникот“, но во моментов звучи како да сакаат мир и договор повеќе од Русија,...

Македонија5 часа

Утрово најстудено во Берово, денеска максималната температура до 16 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -8 степени, -7 било на Попова Шапка, -6 во Маврови Анови...

Европа6 часа

Би-би-си: Какви опции има Зеленски сега? Јасно е што сака Трамп

„Што може Зеленски да направи за да ја промени ситуацијата? Да му се извини на претседателот Трамп? Да го прифати...

Свет8 часа

(Видео) Венс: Зеленски не е подготвен за мир, тоа е вистинскиот проблем

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски „на крајот“ ќе се помири со учеството...

Свет8 часа

Трамп ја паузира воената помош за Украина, објави „Ројтерс“

Соединетите држави ја паузираат воената помош за Украина само неколку дена откако сегашниот американски претседател Доналд Трамп се судри со...

Македонија20 часа

Средба Муцунски-Сијарто: Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија

Во рамките на Втората меѓувладина седница со Унгарија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Будимпешта...

Македонија21 час

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13. Боки 13 во...

Македонија24 часа

Онака сложно како што ги зачуваа патните трошоци, пратениците да изгласаат дополнително покачување на минималната плата од 6.000 денари, побара Трендафилов

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), денес, до Владата, до Собранието и до работодавците достави предлог во кој бара дополнително...

Топ1 ден

Вработените во Филхармонијата до Мицкоски и Љутков: За директор треба да се избере најквалификуваниот, а не партиски договорениот кандидат

Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе...

Свет1 ден

Трамп: „Зеленски нема да има друга опција, освен да се предаде“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека украинскиот претседател Володимир...

Македонија1 ден

Платите да се исплаќаат до петти место до петнаесетти во месецот, предлага Левицата

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица и портпаролот на партијата, Амар Мециновиќ, обзнани дека пратениците од Левица поднеле предлог во...

Македонија1 ден

За електронски индекс ќе треба една и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ, вели ректорката Ангелова

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат...

Македонија1 ден

ДУИ подготвува бојкот на локалните избори за да го избегне поразот, велат од „Влен“

За да го избегне поразот ДУИ планира да ги бојкотира изборите и да провоцира тензии на денот на гласањето, веалт...

Македонија1 ден

Возел под дејство на алкохол, со голема брзина и тешко повредил пешак: истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост, кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или...

Европа1 ден

Лавров: Зеленски се претвори во чист нацист и предавник на Евреите

Украинскиот лидер Володимир Зеленски по доаѓањето на власт се претвори во „чист нацист“ и предавник на Евреите, изјави рускиот министер...