Вести
Во Фергусон ќе се повтори аутопсијата на убиениот тинејџер

Американското министерство за правда ја одобри повторната аутопсија на 18-годишниот црн тинејџер Мајкл Браун чиешто убиство од полицаец беше причина за расно мотивираните жестоки протести и безредија коишто се одвиваат цела седмица.
Американското министерство за правда ја одобри повторната аутопсија на 18-годишниот црн тинејџер Мајкл Браун чиешто убиство од полицаец беше причина за расно мотивираните жестоки протести и безредија коишто се одвиваат цела седмица.
„Имајќи ја предвид исклучителноста во овој случај (…), јавниот обвинител на САД, Ерик Холдер, побара од министерството за правда да организира спроведување на повторна обдукција, којашто ќе ја спроведат федерални патолози“, изјави портпаролот на министерството Брајан Фелон, објави во неделата навечер весникот The Wall Street Journal.Фелон, исто така, истакнал и дека е дадено укажување да се земат предвид наодите од аутопсијата претходно извршена во сојузната држава Мисури, каде се наоѓа гратчето Фергусон предградие на Сент Луис, во рамките на досегашната истрага за смртта на тинејџерот.Локалниот весник St. Louis Post-Dispatch, пак, пишува дека властите во Фергусон одлучиле да го продолжат полицискиот час за уште една ноќ. Претходно во саботата гувернерот на Мисури, Џеј Никсон, воведе вонредна состојба и полициски час кој траеше од полноќ до 5 часот изутрина по локално време поради протестите кои се претворија во безредија. Сепак, и изминатата ноќ најмалку 150 демонстранти се собраа во Фергусон, а во изминатата седмица протести имало во вкупно 90 градови низ САД, вклучително и во Вашингтон.Според извештајот на локалниот портал PzFeed, полицијата ги опкружила демонстрантите чиј број се проценува на околу 150 луѓе. Полицијата негираше дека употребила солзавец, туку чадни бомби, но медиумите пренесуваат дека од областа каде што имало судир меѓу демонстрантите и полицијата, каде инаку не им е дозволен пристапот, се слушале истрели. Пријавено беше дека во болницата во Фергусон е хоспитализирано едно лице со огнострелна рана. Во саботата на улиците во ова предградие на Сент Луис со околу дваесет илјади жители од кои 70 отсто се афроамериканци поради протестите беа распоредени и единици на интервентната полиција.Агенцијата Associated Press пренесува дека од саботата во Фергусон се распоредени 40 агенти на Федералното биро за истраги (FBI) коишто ќе го истражуваат убиството на 18-годишниот црн тинејџер Мајкл Браун за што е обвинет белиот полицаец, 28-годишниот Дарен Вилсон.Тензиите во Фергусон се разгореа откако полицијата емитуваше снимки на кои е идентификуван подоцна убиениот Браун како врши грабеж во продавници и го малтретира нејзиниот сопственик, но истакна дека грабежот и пукањето во кое тој смртно настрадал не се поврзани. Демонстрантите ја критикуваат полицијата дека се обидува со објавувањето на снимките „да го оправда убиството во стилот на егзекуција“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.