Вести
Во Јемен 1.200 воздушни удари за 17 дена

Коалицијата на сунитските арапски земји којашто ја води Саудиска Арабија извела вкупно 1.200 воздушни напади во Јемен од почетокот на операцијата против бунтовниците од шиитското племе Хути и нивните сојузници војниците лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех, објави во саботата портпаролот на коалицијата обвинувајќи го повторни шиитски Иран дека ги вооружува бунтовниците.
На прес-конференцијата во Ријад посветена на воената операција во Јемен, којашто Саудиска Арабија ја покрена на 26-ти март, саудискиот генерал Амед Асири изјави дека со саботата попладнето се изведени вкупно 1.200 напади на борбените авиони на коалицијата.
Според неговото тврдење, со тие напади биле неутрализирани воздушните и балистичките капацитети на шитиските бунтовнции и приврзаниците на соборениот во 2012 година претседател Али Абдула Салех, и додаде дека нападите ќе продолжат.
Генералот Асири, најави и дека „во соодветен момент“ воздушната операција ќе мине во копнена акција.
Не можеше да ја потврди информацијата за наводното заробување на ирански офицери од елитната Гарда на чуварите на револуцијата, но портпаролот нагласи дека „постојат доволно докази“ дека Иран ги „поддржува, вооружува и обучува“ припадниците на шиитската побуна на Хитите во Јемен.
Шиитските бунтовници во септември минатата година тргнаа од своето упориште во Саада, во северен Јемен, незадоволни од непочитувањето на договорот за новото државно устројство на Јемен по ткн „Арапска пролет“ и неактивноста на претседателот во егзил Абд Рабо Мансур Хади, кој побегна во Саудиска Арабија, во спротиставувањето со радикалните исламисти од групацијата Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP).
И покрај нападите, бунтовниците уште ја контролираат јеменската престолнина Сана, области во централниот и западниот дел од земјата, како и најголемиот дел од вториот по големина град Аден, од каде Хади ја напушти земјата./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.