Вести
Во коалициски воздушен напад убиени најмалку 30 ирачки војници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/irak20bombardiranje.jpg)
Најмалку 30 ирачки војници се убиени а 20 се ранети во воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД во градот ал-Наимија во близина на градот Фалуџа, соопшти челникот на комисијата за безбедност и одбрана на ирачкиот парламент Хаким ал-Замили.
Според соопштението на командата на ирачката операција против екстремната сунитска група Исламска држава, станува збор за воздушен напад кој го извеле американски борбени авиони врз позициите на 3-та дивизија на 55-та бригада на ирачката армија, која дејствувала во западната покраина Анбар.
„Бројот на жртвите веројатно ќе биде поголем, бидејќи повеќето војници се тешко повредени“, изјави Хаким ал-Замили.
Го повика ирачкиот премиер Хајдер ал-Аббади „да покрене итна истрага за нападот врз бригадата којашто претходно имаше успеси во борбата против Даеш (арапска кратенка за Исламската држава). „Ирак поради овој американски напад официјално ќе се обрати пред сид“, најави ал-Замили, пренесува AFP.
Командата на ирачката операција објави дека нападот врз ирачките војници бил извршен во време кога тие напредувале кон позициите на терористите во близина на Амријат ал-Фалуџа, западно од главниот град Багдад.
Ирачки воен извор за локалните медиуми рекол дека станува збор за ненамерен напад, велејќи дека ирачките сили биле погодени поради нивната близина до позициите на Исламската држава кај ал-Наимија.
Портпаролот на штабот на коалицијата во Багдад, полковникот Стив Ворен изјави дека коалицијата ќе ги испита овие наводи за можна многу сериозна грешка, пренесува Press TV.
Борците на ирачката армија, помогнати од шиитските доброволечки единци и милициите на локалните сунитски племиња, се масовно групирани во покраината Анбар, од која големи територии држи под контрола Исламската држава.
Информативната служба на ирачката армија подоцна објави дека ирачките сили биле гаѓани од коалициските сили поради неажурираните податоци за напредувањето на ирачките единици, пренесе агенцијата Sputnik.
„Во текот на операцијата ја нашите сили за ослободување на области на југо од Фалуџа и поради тоа што заради временските прилики авијацијата на Ирак не можеше да обезбеди неопходна воздушна поддршка за нашите сили, беше побарана помош од авијацијата на меѓународната коалиција, која изврши два напада во кои му се нанесени големи загуби на непријателот“, се наведува во цитираното соопштение.
Се додава дека поради брзото напредување на ирачките единици дошло до борба одблизу со милитантите од Исламската држава. Потоа коалициските авиони го извршиле третиот удар во кој „поради необновените податоци и неможноста од воздух да се одредат позициите“, настрадале ирачките војници./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.