Вести
Во нападите врз воени бази во Бурунди 87 мртви
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/burundi20vojska.jpg)
Во текот на координираните напади од петокот врз три воени бази во Буџумбура, главниот град на Бурунди, убиени се 79 бунтовници и 8 припадници на безбедносните сили, соопшти армијата во саботата.
„Конечниот биланс на вчерашните напади е 79 убиени непријатели, 45 уапсени и запленети 97 парчиња оружје. Од наша страна осум војници и полицајци се убиени и 21 е ранет“, изјави портпаролот на армијата на Бурунди, полковникот Гаспар Баратуза за агенцијата AFP.Според првичните податоци на армијата од петокот, биле убиени 12 бунтовници и 21 биле уапсени, но во саботата утрото жителите пронашле повеќе од 40 тела на улиците на квартот кој е познат како бастион на противниците на претседателот Пјер Н’Курунзизи.„Судирите продолжија во текот на ноќта и утрото се принајдени тела на непријателските борци“, додал воениот портпарол.Во неколку населби на Буџумбура жителите ги обвинија безбедносните сили дека во петокот ги ловеле сите млади луѓе коишто ќе ги сретнеле и дека ги погубиле, неколку часа по нападот кој во зората го изведоа бунтовниците врз три воени центри во престолнината на Бурунди.Полковникот Барутуза одбил да ги коментира судирите и околностите во коишто жртвите загинале. Владата телата на загинатите од улиците ги закопала во заеднички јами, за да „спречи ширење на болести“. Но опозицијата ја обвини власта дека ги отстранила доказите за масакрот кој го извршиле безбедносните сили и служби.Станува збор за најголемото насилство во Бурунди по неуспешниот државен удар во мај годинава, предизвикан од контроверзното кандидирање на претседателот Н’Курунзизе за трет мандат, кој го освои на изборите во јули.Од почетокот на безредијата кон крајот на април, стотици луѓе се убиени и повеќе од 200.000 ја напуштиле земјата според податоците на Обединетите нации./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.