Контакт

Вести

Во нападот на Американскиот универзитет во Кабул најмалку 16 мртви

Објавено пред

Шеснаесет луѓе, од кои седум се студенти, се убиени во нападот врз американскиот универзитет во авганистанската покраина Кабул во кој стотици студенти успеале да побегнат во паниката пред полицијата да ги убие тројцата напаѓачи, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Седум студенти, тројца полицајци, двајца припадници на обезбедувањето и обезбедувач од соседната зграда која напаѓачите ја користеле за да упаднат во универзитетот, како и тројцата напаѓачи се убиени во нападот“, изјавил портпаролот на кабулската полиција Базир Маџахид, пренесе агенцијата DPA. Додал дека 39 луѓе се поведени во нападот, а меѓу нив се девет полицајци.

Нападот започнал во средата доцна попладнето по 18,30 часот по локално време со голема експлозија за која полицијата вели дека била предизвикана со детонирање на автомобил бомба, по што следело пукање, а осомничените милитанти го нападнале кампусот во кој имало странски персонал и студенти.

Елитните авганистански безбедносни сили ги опколиле оградениот кампус и по извесно време влегле во него. Спорадичните престрелки се слушале во текот на целата ноќ, а малку пред мугрите полицијата објави дека операцијата е завршена. Американското министерство за здравство објави дека ниеден странски државјанин не е повреден, пренесува агенцијата Reuters.

Началникот на одделот за истраги на кабулската полиција, Фрајдин Обаиди, изјавил дека полицијата евакуирала меѓу 700 и 750 студенти од универзитетот, кој е популарен меѓу авганистанската елита.

Престрашените студенти се забарикадирале во училниците или скокале од вториот ат за да побегнат. Некои притоа се повредиле, но изгледа дека повеќето успеале да се спасат без поголеми повреди.

За овој напад уште ниедна милитантна група којашто дејствува во Авганистан не ја презема одговорноста.

Ова е вторпат во текот на август овој универзитет да биде цел на напад. Двајца професори, австралиец и Американец, уште се водат како исчезнати откако беа грабнати на блискиот пат.

САД објавија дека внимателно ја следат ситуацијата во Кабул по нападот, и дека силите на коалицијата предводена од нив пружиле поддршка во акцијата за ослободување на студентите. Воени советници, припадници на меѓународната коалиција којашто ја предводат Американци, им помагале на авганистанските сили во одговорот на овој напад, изјавил американски функционер во министерството за одбрана, пренесе AFP.

Американскиот универзитет во Авганистан (AUAF) започна со работа во 2006 година и во моментов има повеќе од 1.700 студенти. Оваа елитна образовна институција која соработува со реномирани американски универзитети како Џорџтаун. Стенфорд и Калифорнискиот универзитет, се рекламира како „единствениот приватен и непрофитен универзитет, независно и мешовито во Авганистан“, исламска република каде што мажите и жените вообичаено се раздвоени и во образовниот процес./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето...

Европа1 час

Градоначалникот на Истанбул под истрага за корупција

Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и на околу стотина други лица, меѓу кои и новинари...

Европа1 час

(Видео) Путин во рекорден рок го прекрши договорот со Трамп за ограничено примирје, објавија Украинците

Русија и Украина рано утринава се обвинија меѓусебно за воздушни напади кои предизвикаа пожари и оштетена инфраструктура само неколку часа...

Регион2 часа

Вучиќ: Ако бил употребен звучен топ, јас повеќе не сум претседател

Српскиот претседател Александар Вучиќ повтори дека неговата земја е изложена на „месеци на терор“ и ги нарече разговорите меѓу лидерите...

Македонија12 часа

(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија...

Македонија14 часа

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во...

Македонија15 часа

Митева: Во Скопје само 2 објекти од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Имало 22 лиценци за вршење угостителка дејност, а 15 со истечена важност. Во Скопје има само 2 објекти за кабаре...

Македонија15 часа

Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели...

Македонија16 часа

Незаконито и паушално биле изготвувани круцијални документи за работа на дискотеката во Кочани, информирше Тошковски

Досега за случајот со пожрот во Кочани се приведени 18 лица во СВР Штип и СВР Скопје, а задржани се...

Македонија20 часа

Осуммина пациенти од КАРИЛ денес заминуваат на лекување во странство, Мерџаноски вели дека не се во тешка состојба, но има влошување

Лекарите утрово известија дека состојбата на пациентите повредени во пожарот во Кочани сместени во нивните клиники е под контрола, но...

Македонија20 часа

Жалам што за 15 минути за одредена сума се давани овие лиценци: Мицкоски најави голема акција и затворање и санкционирање на сите што не ги исполнуваат условите за работа

Како држава во рекордно време ги преземавме сите мерки и протоколи што требаше да бидат преземени како никогаш досега, изјави...

Македонија21 час

Умре колега на кој треба да му се издигне споменик, а возач на Итната помош е најпонижуваната и неплатена професија, вели колега на Иле Гоцевски, кој почина по кобната ноќ

Стефан Бурназов работел кобната ноќ и следниот ден заедно со возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски, кој трагично почина...

Македонија21 час

Да не се шират дезинформации во врска со бројот на загинатите бидејќи дополнително се зголемува вознемиреноста во јавноста, порачуваат од Владата

Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. „Ова се моменти на...

Македонија21 час

Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и...

Македонија23 часа

Клиничкиот центар во Србија ја соопшти состојбата на пациентите од пожарот во Кочани

Вчера, на Ургентниот центар на КЦС, од пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, пристигнаа осум посериозно повредени пациенти, што...

Македонија24 часа

(Видео) Македонската амбасадорка во Бугарија: Немилосрдна борба против сите коруптивни практики мора да има

„Промената во Република Македонија е неизбежна. Општеството сака чистење на системот и одговорност“. Ова го истакна амбасадорката на Република Македонија...

Регион1 ден

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16...

Македонија1 ден

Таравари ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се лекуваат во Софија

Посетата на македонскиот министер за здравство Арбен Таравари на Софија е најавена за денеска во периодот од 14 до 15...

Регион1 ден

Ден на жалост во Бугарија поради трагедијата во Кочани

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 18 март 2025 година е прогласен за Ден на национална жалост во...

Македонија1 ден

„Не чувствувам вина, јас ги спасив сите што можев“, кажа Столе Боев обезбедување на дискотеката „Пулс“

Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ изјави вечерва дека не чувствува вина. „Јас ги спасив сите што можев и многу...