Контакт

Вести

Во нападот на пакистанското училиште веќе 95 мртви, од кои 82 се деца

Објавено пред

Во нападот на групата тешко вооружени талибански милитанти која упадна во вторникот наутро во военото училиште во северзападниот пакистански град Пешавар и зема во заложништво стотици ученици и нивни професори, убиени се најмалку 95 лица, од кои 82 се деца и тинејџери.
 

dobivaj vesti na viber

Во нападот на групата тешко вооружени талибански милитанти која упадна во вторникот наутро во военото училиште во северзападниот пакистански град Пешавар и зема во заложништво стотици ученици и нивни професори, убиени се најмалку 95 лица, од кои 82 се деца и тинејџери.

 

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф изјави дека масакрот во училиштето претставува „национална трагедија“, и најави дека лично ќе допатува во текот на денот во Пешавар.

Агенциите и локалните медиуми ги пренесуваат изјавите на очевидци дека во училиштето се слуша ат истрели од огнено оружје и силни експлозии, како и дека над училишната зграда се извива густ чад. Пакистанските функционери изјавиле дека се убиени најмалку 95 луѓе, од кои 82 се ученици на училиштето на возраст меѓу 10 и 19 години, пренесува агенцијата AFP.

„Бројот на мртвите би можел да се зголеми, имајќи предвид дека повеќе ранети ученици се наоѓаат во критична состојба“, изјавил регионалниот министер за образование, Мустак Гани. Додал дека во талибанскиот напад се ранети стотина лица, како и дека тие со возила на брзата помош се префрлени во градските болници.

Талибаните веднаш ја преземаа одговорноста за нападот, тврдејќи дека станува збор за одмазда за нападите на пакистанската армија врз нивните позиции во племенските паштунски области во северозападниот дел од земјата кон границата со Авганистан,

Преземајќи ја одговорноста за нападот, талибаните исто така тврдат дека целта на нивниот напад не биле децата. „Нашите бомбаши самоубијци влегоа во училиштето, имаат инструкции да не ги пипаат децата, нивната цел е воениот персонал на училиштето“, изјавил портпаролот на талибаните, Мухамад Умар Корасани во соопштението за агенциите. Додал дека меѓу напаѓачите има и борци и бомбаши самоубијци.

Според полицијата во Пешавар, најмалку седум добро вооружени напаѓачи влегле во училиштето коешто е под управа на пакистанската армија во коешто во тој момент имало најмалку 500 ученици на најразлична возраст и нивни професори.

Портпаролот на полицијата Џавед Хан додал дека полициските и воените сили коишто го држат под опсада училиштето водат престрелка со напаѓачите и се изведува антитерористичка операција за ослободување на преживеаните заложници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија19 минути

Судир за српскиот капитал: ВЛЕН и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија1 час

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија2 часа

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет2 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено...

Свет3 часа

Што би значел пакт „сличен на Член 5“ за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет4 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет16 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија16 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет18 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија19 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија20 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ21 час

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија22 часа

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет23 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет23 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија1 ден

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ1 ден

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет1 ден

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...