Контакт

Вести

Во нов напад во Нигерија 7 убиени и 32 ранети

Објавено пред

И покрај регионалната офанзива против нигериската исламистичка грапа Боко Харам, оваа радикална секта е осомничена дека најверојатно стои зад новиот напад кој во неделата изведе жена бомбаш самоубиец во кој загинаа седум луѓе а 32 се ранети.

dobivaj vesti na viber

Бомбашката го активирала експлозивот на автобуска станица во Даматуру, престолнина на нигериската сојузна држава Јобе, усмртувајќи седум луѓе а ранувајќи други 32 лица, потврдиле полициски извори и очевидци за AFP.

„Бомбашката го изведе нападот врз автобуската станица во Даматуру. Досега ја потврдивме смртта на седум луѓе“, рекол Маркос Данлади, началник на полицијата во Јоба.

Според очевидци, жената во автобуската станица влегла со автомобил. Откако излезе од него се упатила кон продавница на крајот од станицата, се запрела меѓу поголема група и го активирала експлозивот, додал трговец кој сакал да остане анонимен.

Гневната толпа ги спречиле спасувачите да го изнесат нејзиното распарчено тело. „Луѓето ги собра нејзините останки и ги запалиле“, додал.

Засега се’ уште никој не ја презема одговорноста за нападот, но вакви напади вообичаено изведуваат исламистите од Боко Харам, кои во последните месеци применуваат тактика на напади врз групи цивил на посетени пазари и фреквентни автобуски станици кои ги изведуваат жени, па дури во неколку наврати и девојчиња на десетгодишна возраст. Групата е обвинета дека врбува девојчиња и млади.

Последните месеци Боко Харам во замислата да воспостави исламски калифат, започна напади и на териториите од соседните држави Камерун, Нигер и Чад, чии војски заедно со Бенин и Нигерија договорија мобилизација на 8.700 војници за справувањето со исламистите.

Во исламистичкиот бунт и воената контраофанзива во Нигерија која започна во 2009 година, се проценува дека животите ги загубиле повеќе од 15.000 луѓе, а околу 1,5 милиони се раселени.

Нигерискиот претседател Гудлак Џонатан, кој доаѓа од христијанскиот југ во речиси по половина религиозно поделената земја со 180 милиони население кој е загрижен а суверенитетот на земјата, досега одбиваше странска помош, а во петокот за американскиот дневен весник The Wall Street Journal побара помош од САД во борбата со Боко Харам./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија15 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија15 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија16 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија17 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија17 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија19 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија20 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа21 час

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ21 час

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет22 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа23 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет23 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија23 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет1 ден

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија2 дена

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија2 дена

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ2 дена

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија2 дена

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија2 дена

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет2 дена

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...